Настап на Воениот оркестар во Гостивар

Вчера вечер, Воениот оркестар на АРМ со едночасовен перформанс се претстави пред граѓаните на Гостивар. Во рамките на програмата, на која присуствуваа командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, како и претставници од советот на општината и кабинетот на градоначалникот на Гостивар, на градскиот плоштад, Воениот оркестар изведе светски познати нумери кои…

Започна вежбата „Брз Лав 14“

Денес, во попладневните часови официјално започна вежбата „Брз Лав 14“, на која учество зема и персонал од Армијата на Република Македонија со четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2). Подготовките за Борбената група на Европската унија 2014-2 започнаа во 2012 година и ќе продолжат до 30 јуни 2014 година.…

Отворен ден на АРМ за граѓаните на Македонски Брод и Вевчани

Во текот на оваа недела на ден 03.06. во Македонски Брод и 05.06 во Вевчани се реализира „Отворен ден“ на АРМ за граѓаните на овие општини. На тактичко технички збор кој беше реализиран за оваа цел, се прикажа дел од опремата и вооружувањето со кои располага 4. механизираниот пешадиски баталјон (4.мпб)/ 1.механизирана пешадиска бригада од…

Со почит и во сеќавање на загинатите припадници од 1.мпбр од гарнизонот Тетово

На ден 5  јуни во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово со воена церемонија се одбележа тринаесет годишнината од загинување на припадниците од гарнизонот Тетово во воениот конфликт во 2001 година во реонот на селото Гајре. На церемонијата, пред построените единици командантот на 3.мпб одржа пригоден говор. Потоа пред спомен одбележјето на загинатите, од страна…

Учество на НГШ на АРМ на осмата Конференција на началници на генералштабови на армиите од балканските земји

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес учествува на осмата Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од балканските земји, која се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. На конференцијата во Сараево, која ја отвори заменик министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Живко Марјанац, покрај началникот на заедничкиот штаб на Вооружените сили…

Обука за животоспасувачи во Воениот Медициски Центар

Во период од 26.05-05.06.2014 година во одделението за медицинска обука на Воено Медициски Центар (ВМЦ) од составот на логистичката бригада се изведува основен курс за животоспасувачи. Курсот го посетуваат припадници од командите и единиците на АРМ кои се подготвуваат за следната ротација на контингентот за мировната мисија „ИСАФ“ во Авганистан. Обуката ја спроведува тим од…

Четата за заштита на силите на ЕУБГ 2014-2 започна со подготовките за претстојната вежба

Денес, 03.06.2014 година, четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) пристигна во реонот на разместување на борбената група во Сен Хубер (Saint Hubert) во Белгија, каде започна со подготовките за претстојната вежба „Брз Лав 14“. Во текот на денот на персоналот од четата се изврши распределба на потребните материјални…

Посета на Центарот за обука на вода од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија

На 30 Мај 2014 година Центарот за обука на вода (ЦОВ) го посетија 14 припадници на Асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија од државите: НР Кина, Франција, Италија, Руска Федерација, Турција, Украина, Австрија, Чешка, Кралството Белгија, Хрватска, Грција, Полска и Словачка. Посетата се реализира согласно Програмата за соработка на Министерството за одбрана на Република…

Началникот на ГШ на АРМ и посака успех на декларираната единица на АРМ во ЕУБГ 2014-2 пред поаѓање на вежбата „Брз Лав“ во Белгија

Денес, 2-ри јуни 2014 година на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, свечено е испратена декларираната единица на АРМ која до 14-ти јуни ќе учествува вежбата „Брз Лав“ во Белгија, наменета за оценување на оперативната способност на борбената група на ЕУ(ЕУБГ 2014-2). На чинот на испраќање на припадниците на АРМ во Белгија присуствуваше началникот на ГШ…