Трета генерација офицери во служба на татковината

Во генералштабот се одржа несекојдневна средба на која три генерации на офицерската фамилија Миклош; Јаким, Ненад и Бојан, беа примени од страна на началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, на која им се оддаде признание за сето она што ова семејство го вложува во армијата во различни периоди од своето постоење. Најмладиот старешина член на…

Одбележување на Денот на тенковски баталјон

Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец со воена свеченост беше одбележан „2.Јуни-Денот на тенковскиот баталјон“. На свеченоста, покрај командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Драган Ковачки, присуствуваа претставници од Здружената оперативна команда (ЗОК), поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр и команданти на единиците во гарнизон Петровец. Во обраќањата…

Врховниот командант на вооружените сили во посета на Генералштабот и МО

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили Н.Е. Стево Пендаровски, денес ја оствари својата прва работна посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. По пречекот со воени почести, Претседателот Пендаровски оствари работна средба со Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, каде со највисоките…

Одбележување на помен во баталјон за врски

Во касарната „Илинден“, денес се одбележаа 18 години од трагичното загинување на капетанот Зоран Бубевски. Положувањето на свежо цвеќе, како и секоја година, се реализира пред спомен собата посветена на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски. Во говорот пред присутните заменик командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, својата храброст и несебичноста…

Посета на акредитираните воени аташеа на баталјонот на Воена Полиција

На ден 30.05.2019 година во посета на баталјонот на Воена Полиција беа акредитираните воени аташеа во Република Северна Македонија. Обиколката од воените аташеа е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на воени аташеа акредитирани во земјава. Активностите од програмата за посета…

Вежбата „Одлучен удар“ на Криволак – најголема вежба досега организирана кај нас, вклучува над 2.700 припадници од шест земји

Од петти јуни до деветти јули, Северна Македонија ќе биде домаќин на досега најголемата вежба која се организира во нашата држава, „Одлучен удар“. На вежбата ќе учествуваат над 2.700 припадници од Армијата на Република Северна Македонија и од вооружените сили на САД, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Литванија. Армијата на Република Северна Македонија учествува со…

Меѓународна вежба „Immediate Response 19“ во Република Словенија

Во период од 06 до 24.05.2019 година, вод од составот на баталјонот за Противвоздушна одбрана учествуваше на меѓународната воена вежба „Immediate Response 19“ (Брз одговор 19) која се реализираше на територијата во Р.Словенија во касарна „Јернеја Молана“ во Церкје об Крки. „Брз одговор 19“ е вежба која е организирана од страна на командата на Армијата…

Трилатерална вежба „Joni 19“

Дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции со своите колеги од специјалните сили на Р. Албанија и Р. Бугарија учествуваа на трилатералната вежба „Joni 19“. Во изминатите десетина дена во морнаричката база „Пашалиман“ во Валона, Р. Албанија нуркачки тимови од трите земји заедно вежбаа и реализираа поставени…

Посета на Командата за обука и доктрини од страна на акредитираните воените аташеи

Делегација од воени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија, денес на ден 29.05.2019 година ја посетија Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес. Истите беа срдечно пречекани и им беше укажано пријатно гостопримство од страна на командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски. За време на посетата воените аташеи имаа можност…