Тромесечен брифинг за обука и Тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на КОД во изградбата на борбената готовност на АРМ

На ден 13.06.2014 година во просториите на Центарот за странски јазици (ЦСЈ), во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Тромесечен брифинг за обуката (ТБО) и Тромесечно реферирање за состојбата на поддршката на Командата за обука и доктрини (КОД) во изградбата на борбената готовност на АРМ, за второто тромесечје на 2014 година. Пред командантот на Команда…

Искажана благодарност за несебичната помош на АРМ за време на поплавите во Република Србија

Денес, 16-ти јуни 2014 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со амбасадорот на Република Србија во Република Македонија, г-ѓа Душанка Дивјак-Томиќ и одбранбеното аташе на Република Србија акредитиран во Република Македонија, потполковникот Жељко Симиќ. На средбата амбасадорот на Република Србија и одбранбеното аташе на Република Србија, на началникот на ГШ…

Логистичка поддршка на манифестацијата „Поречки културни средби”

На ден 14.06.2014 година во координација со Здружението на граѓани „Поречки средби“ од Скопје и Општина Македонски Брод, припадниците од 2. логистички баталјон (2.логб), од составот на бригадата за логистичка поддршка дадоа придонес во реализација на јубилејната културна манифестација „10–ти Поречки културни средби“. Како логистичка испомош на манифестацијата која се одржа во село Сланско –…

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“ пристигнаа во Македонија

Припадниците на АРМ кои учествуваа во мисијата „Брз Лав-14“, како дел од четата за заштита на силите од борбената група на Европската Унија (ЕУБГ 2014-2) во Кралството Белгија, денеска се вратија во Република Македонија со највисоки оценки. На вежбата, припадниците на АРМ, учествуваа во оценувањето на штабот на ЕУБГ 2014-2 со фиктивни сценарија за хуманитарна…

Интероперабилност преку регионално партнерство-главна тема на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба

Од 10-ти до 12-ти јуни, заменик началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Насер Сејдини, учествува на осумнаесеттата Конференција на началниците на генералштабовите од армиите на земјите-членки на Јадранската повелба која се одржува во Република Црна Гора. Домаќин на Конференцијата е началникот на Вооружените Сили на Црна Гора, Адмирал Драган Самарџиќ, а покрај учеството на началниците…

Учество на командантот на ЗОК на конференцијата на заменици на началници на генералштабови на армиите од земјите членки на СЕДМ процесот

Во период од 10 до 12-ти Јуни во Белград, Р. Србија, Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Методија Величковски учествуваше на конференцијата на заменици на началници на генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ – South East Defence Ministerial). На конференцијата учесниците од земјите членки и претставниците…

Ден на високи гости и медиуми на вежбата „Брз Лав 14“

На ден 12.06.2014 година се реализира Денот на високи гости и медиуми во Marche-en-Femenne на вежбата „Брз Лав“ во Кралството Белгија. На денот на високите гости на вежбата присуствуваа Министерот за одбрана м-р Талат Џафери, командантот на 1.мпбр бригаден генерал Павле Арсоски, високиот претставник на Република Македонија при НАТО и ЕУ, бригаден генерал Бранко Дракалски,…

Командантско извидување

На ден 12.06.2014 година припадниците на полкот за специјални операции извршија командантско извидување на јужниот реон на Република Македонија. Персоналот кој учествуваше на командантското извидување имаше можност на лице место да се запознае со самиот реон како и со сите ограничувања, можности и капацитети кои се нудат. Извидувањето се реализираше на неколку различни локации во…

Обука за противпожарна заштита со Територијалната противпожарна едница од град Кичево

На 10 јуни 2014 година во касарната „Чедо Филиповски-Даме“ во Кичево припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, во соработка со територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од градот Кичево организираа и реализираа обука за противпожарна заштита. Обуката се спроведе во два дела и тоа теоретски и практичен дел. Во текот…