Припадниците на пСО покажаа врвна обученост за извршување на борбени дејства во зимски услови

Денес, 4-ти февруари 2014 година, Министерот за одбрана Талат Џафери, во придружба на заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини и државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, ги посетија припадниците на Полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, кои на локалитетот покрај регионалниот пат Маврово-Ростуше демонстрираа обука во зимски услови. „Тука уште…

Прогласени најдобрите спортисти во МО и АРМ за 2013 година

Денес, 3-ти февруари 2014 година во просториите на Министерството за одбрана (МО) и ГШ на АРМ се одржа церемонија за прогласување на најдобар спортист во МО и АРМ за 2013 година. Признанијата и медаљите за најдобар спортист во МО/АРМ за 2013 година ги додели Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини. За…

Работилница за изработка на концептот на операции за вежбата: „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-10“

Во Центарот за обука „Пепелиште“ во период од 27 до 31 јануари 2014 година се одржа работилница за изработка на концептот на операции (strategic concept of operations – CONOPS) која претставува фаза во континуираните подготовки за планирањето на вежбата „Македонски Блесок 10“. Работилницата ја отвори директорот на вежбата потполковникот Ѓоко Максимов кој со воведен брифинг…

Презентација на информатички систем за командување и контрола

На ден 28 Јануари (Вторник) во просториите на Здружено Оперативната Команда од страна на претставници на фирмата од Република Турција „Хавелсан“ специјализирана за информатичка опрема беше извршена презентација на информатички систем за командување и контрола таканаречен „Defence out of a box“. На претставниците на фирмата „Хавелсан“ најпрвин им беше посакано добредојде од страна на началникот…

Свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ во гарнизонот Кичево

Денес, 24-ти Јануари во касарната Чеде Филиповски – Даме, во Кичево, се одржа свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада, (1.мпбр) кој учествуваше во мировната мисија ИСАФ во Авганистан. На свеченоста по повод враќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ присуствуваа: Министерот за одбрана Талат Џафери,…

Заврши обуката на војници на доброволно служење на воениот рок

Уште една генерација војници на доброволно служење на воениот рок ја заврши основната воена обука во Центарот за индивидуална обука во КОД. Дваесет и првата генерација доброволни војници обуката ја започна во Ноември минатата година, а заврши на 22 Јануари оваа година. По тој повод се реализира свечен завршеток на кој од свечената бина им…

Годишна анализа за борбената готовност од страна на командантите на потчинетите команди и единици до НГШ на АРМ

Денес, во Домот на АРМ во Скопје се одржа реферирање за борбената готовност од страна на командантите на потчинетите команди и единици му реферираа на Началникот на ГШ на АРМ за достигнувањата, реализацијата на плановите, обуката и останатите сегменти од работата на единиците, а кои имаат влијание врз нивната борбена готовност. На реферирањето за борбената…

Традиционална годишна средба со цивилните структури во Гарнизон Кичево

На ден 14.01.2014 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево се одржа годишна анализа на цивилно-воената соработка на 4. механизиран пешадиски баталјон која традиционално се одржува на денешен ден. На денешната активност покрај Командантот на 1. механизирана пешадиска бригада бригадниот генерал Павле Арсоски присуствуваа бројни високи гости меѓу кои Претседателот на советот на Општина Кичево…

Одбележување на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Денес, 12-ти јануари, на спомен обележјето кај катлановско Блаце беше одбележана шестгодишнината од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа единаесет припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ. По повод одбележувањето на шестгодишнината од хеликоптерската несреќа, венци со свежо цвеќе положија делегации од Генералштабот на АРМ предводена од заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник…