Посета на ученици од ОУ „Коле Неделковски“ на воздухопловната бригада

Ученици од основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје остварија посета на воздухопловната бригада (вбр), како дел од соработката која ја има со цивилните структури. Учениците во текот на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работата која ја вршат истите. На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови…

Усовршување на алпинистичките вештини

Во периодот од 9 до 16.04.2019 година четириесетина припадници на Ренџерскиот баталјон од составот на Полкот за специјални операции реализираа обука во летна алпинистика и јазење. Обуката се реализираше на терените и алпинистичките патеки во поширокиот реон на Демир Капија со цел припадниците на единицата да ја одржат и надградат својата висока обученост во алпинистика…

Началникот на Генералштабот на Војската на Република Словенија во посета на Армијата

Висока воена делегација на Војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, која се наоѓа во официјална посета на Армијата денес престојуваше во Генералштабот (ГШ). По пречекот на делегацијата на Војската на Република Словенија, со високи воени почести, генерал-мајор Аленка Ерменц оствари средба со својот домаќин началникот на ГШ на Армијата,…

Возвратен фудбалски натпревар со екипа на Косовските безбедносни сили

На теренот во спортската сала во Куманово се реализира пријателски фудбалски натпревар помеѓу припадниците на Армијата и припадниците на Косовските Безбедносни Сили (КБС). Натпреварот го отвори командантот на Здружена оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски кој во својот поздравен говор истакна дека овој натпревар има за цел да ги зближи припадниците од Армијата и КБС…

Одбележан Денот на Командата за обука и доктрини

Со воена свеченост во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) го одбележаа денот на единицата „15-ти Април“. На свеченоста покрај началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, присуствуваа и командантите на Здружената оперативна команда и полкот за специјални операции, шефот на Канцеларијата за врски на НАТО, претставници од…

Логорување на припадниците од 4. механизиран пешадиски баталјон

На АП ,,Криволак“ во рамките на годишен план за обука на единицата 1. механизирана пешадиска чета (1.мпч) и минофрлачката батерија 120 мм (мфб 120 мм) од составот на 4. механизиран пешадиски баталјон, реализираа стационарно логорување и изведоа Тактичката вежба со боево гаѓање (ТВБГ) со чета. За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се…

Воените аташеи во обиколка на јужната граница

Делегација од воени аташеи од повеќе земји акредитирани во Република Северна Македонија (резидентни и нерезидентни), беа во обиколка на јужната граница во поширокиот реон на Гевгелија. Во нивна придружба беше командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски и командантот на 1.мпбр, полковник Драган Ковачки со клучниот персонал. Делегацијата го посети граничниот премин со Република…

Стационарно логорување на инженерискиот баталјон на АП „Криволак“

Инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во периодот од 8 до 12.04.2019 година, реализираше стационарно логорување и обука на АП „Криволак“. Во наведениот временски период, на вежбалиштето за инженериска обука „Мушанци“ се реализираа вежби со боеви минско-експлозивни средства (МЕС) и тоа изработка на мрежа за фитилно палење и палење на експлозивни…

Деца од детската градинка „Пролет“ од општина Карпош во посета на воздухопловната бригада

На ден 12.04.2019 година деца од детската градинка „Пролет“ од општина Карпош – Скопје во придружба на воспитувачки, негувателки и психолог остварија посета на воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Страшо Пинџур“ Петровец. Целта на посетата беше запознавање на најмладата популација во државата со средствата и секојдневните активности на бригадата. Децата во текот на посетата имаа…