Инспекција согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ во Здружено Оперативната Команда и дел од првопотчинетите единици

На 19 и 20 Март во Здружената Оперативната Команда (ЗОК) на АРМ, 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), воздухопловната бригада (вбр), бригадата за логистичка поддршка (брЛП) и Резервните сили престојуваше инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекцискиот тим беше составен од припадници на Вооружените Сили на Република Албанија, Република Хрватска,кои беа придружувани…

Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во посета на касараната „Илинден“ и полкот за специјални операции

На ден 20.03.2014 година во касарната „Илинден“ и полкот за специјални операции се реализираше посета од страна на основното училиште „Браќа Миладиновци“. На почетокот од посетата учениците имаа можност од блиску да се запознаат со работа и постапките на гардиската единица кои им демострираа дел од своите секојдневни активности. Учениците својата посетата ја продолжија со…

Дислокација на цистерни и контејнер со помош на транспортен хеликоптер Ми-17

Денес (19.03.2014) година во водухопловната бригада се изврши дислокација на цистерни и контејнер од објектот „Бански Рид“, со помош на хеликоптер Ми-17 од составот на сквадронот за транспортни хеликоптери. Поради сложеноста на задачата, најпрвин се одржа брифинг на кој се планираше рутата по која ќе се лета, мерките за безбедност кои треба да се почитуваат,…

Посета на министерот за одбрана и началникот на ГШ на АРМ на курсот за основна борбена обука во ЦО „Пепелиште“

Министерот за одбрана Талат Џафери и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес во Центарот за обука (ЦО) „Пепелиште“ ги посетија новопримените професионални војници на АРМ, кои се наоѓаат на Курс за основна борбена обука. За време на посетата, Министерот за одбрана и НГШ на АРМ, ги согледаа условите за живот и работа…

Екипата на полкот за специјални операции победник на седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ

Денес (19-ти март 2014 година) во касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево, во организација на Генералштабот на АРМ се одржа седмото првенство во крос-кантри трчање на АРМ. Кросот се одржа на посебно уредена патека во во рамките на автодромот во касарната во Кичево, а се трчаше на 10 km во машка и на 5…

Обука за воведување на падобранци во состојба „подготвен“

Во период од 05.03. до 21.03.2014 година во касарната „Илинден“ во Скопје се реализира обука за воведување на падобранци во состојба подготвен. На обуката присуствуваат 30 припадници на полкот за специјални операции. Учесниците во текот на обуката поминаа неколку фази кои опфаќаат теми како што се: „Начини и методи на излез од авион“, „Пакување на…

Одбележување на 22 години од примопредавањето на касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп

На 18 Mарт 2014 година во касарната „Мирче Ацев“во Прилеп со пригодна свеченост беше одбележана 22 годишнината од заминувањето на тогашната Југословенска Народна Армија и превземањето на касарната од страна на единиците на територијалната одбрана. Во рамките на свеченоста беше положено свежо цвеќе пред бистата на Мирче Ацев и беа построени единиците, пред кои се…

Посета на НГШ на АРМ на ЗОК и гарнизонот Куманово

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денес ја посети Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ и гарнизонот Куманово. Целта на посетата беше согледување на подготовките за претстојната вежба „Македонски Блесок-10“ на која ќе биде извршено НАТО оценување, ниво-2 на средната пешадиска баталјонска група (спбг). НГШ на АРМ беше информиран од страна на командантот…

Обука со тактичко беспилотно летало „РАВЕН“

Во период од 10.03 до 14.03.2014 година на спортскиот полигон „Аџитепе“ во Куманово се одржа кондицирање и обука на персоналот за ракување со беспилотното летало „РАВЕН“ кој е дел од новопримената опрема во АРМ. Во обиколка на обуката на ден 13.03.2014 година беа командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал-мајор Методија Величковски и командантот на…