Припадниците на АРМ ангажирани за евакуација на жителите на Обреновац

Вчера (17.05.2014 година), припадниците на АРМ кои беа дел од хуманитарниот конвој на Република Македонија безбедно пристигнаа во вечерните часови во Република Србија. Во текот на денешниот ден, припадниците на АРМ успешно ги извршија добиените задачи кои им беа доделени од страна на воспоставениот кризен штаб за подрачјето на градот Обреновац. Голем број на жители…

Конвој на АРМ со хуманитарна помош за поплавените подрачја во Република Србија и Босна и Херцеговина

Врз основа на одлуката на Владата на Република Македонија, денес (17.05.2014 година), Армијата на Република Македонија испрати помош во подрачјата погодени со поплавите во Република Србија и Босна и Херцеговина. Во Република Србија денес АРМ испрати обучен персонал со материјално-технички средства и опрема наменети за помош во вакви прилики. Кон Босна и Херцеговина од АРМ…

Реализација на Тактичко Технички збор за персоналот од организацијата на резервни офицери

На 17 мај 2014 година на стрелиштето „Осој“ во околината на Кичево со припадници од организацијата на резервни офицери на Република Македонија (ОРОРМ) се изведе подготвително гаѓање со автоматска пушка 7,62 мм. По завршување на гаѓањето во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево од страна на припадниците од 4.механизиран пешадиски баталјон од 1.механизирана пешадиска бригада…

Кондиционен рекреативен марш на старешините и цивилните лица од командата на КОД

Старешините и цивилните лица од командата на Команда за обука и доктрини (КОД) и Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции реализираа кондиционен рекреативен марш. Маршот е планска активност според календарот за обука на КОД за 2014 година. Сите учесници на маршот пешачеа на релација с. Сујаклари – с. Отовица се до…

Официјално затворање на вежбата „Брз Рис 14“

Денес, 16 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево заврши вежбата „Брз Рис 14“ и оценувањето на четата за заштита на сили ЕУБГ 2014-2. Во претходните денови персоналот од оценуваните единици покажаа високо ниво на посветеност и професионализам при реализацијата на сложените задачи и активности, во согласност со зададената листа на настани…

Продолжува оценувањето на четата ЕУБГ на вежбата „Брз Рис 14“

На ден 15 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево во рамките на вежбата „Брз Рис 14“ продолжи оценувањето на четата за заштита на сили ЕУБГ 2014-2. Во утринските часови вежбата продолжи со запоседнување на базата од страна на четата ЕУБГ. Реализацијата на редовните задачи, патролирање во определената зона и контролата на…

Извежбување на припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон за мировни операции

Во период од 12.05 до 14.05.2014 година припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада реализираа ситуационо-тактички вежби (СТВ) со теми од мировни операции. Вежбите кои беа реализирани на полигонот за обука во касарната “Н. Х. Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово и на полигоните за обука во зоната на одговорност на 3.мпб,…

Конференција на командантите и директорите на здружени операции во Потсдам, СР. Германија

Во период од 13-14 Мај 2014 година во Потсдам СР Германија командантот на Здружената Оперативна Команда генерал мајор Методија Величковски учествуваше на конференцијата на командантите и директорите на здружените оперативни команди од земјите кои партиципираат во Северната команда на мисијата „ИСАФ“ во ИР Авганистан. За време на конференцијата која се одржува под мотото: „Работиме заедно…

На вежбата „Брз Рис 14“ оценување на четата за заштита на сили ЕУБГ 2014-2

На, 14 мај 2014 година во касарната „Чеде Филиповски Даме“ во Кичево, во рамките на вежбата „Брз Рис 14“ започна Самооценувањето Ниво 2 на чета за заштита на сили (чЗС) ЕУБГ 2014-2. Активностите започнаа со брифинзи од страна на командирот на чЗС ЕУБГ 2014-2, директорот на тимот за оценување и директорот на вежбата на командантот…