Размена на искуства со вооружените сили на Обединето Кралство

На ден 09.10.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира посета на тим од Обединетото Кралство (ОК) поврзана со обуката, вежбите и оценувањата. Делегацијата предводена од потполковник Џил Хамлинс, беше поздравена од страна на Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Во текот на посетата со делегацијата од ОК беа реализирани разговори…

Ситуационо-тактички вежби со припадниците од 3.мпб

Во период од 08-09.10.2019 година припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада реализираа ситуационo тактички вежби. Ситуационo тактички вежби се реализираа на повеќе локации и тоа: во мирновремените локаци во касарната во Тетово, во реонот на Еребино и с. Раотинце. Истите беа реализирани согласно однапред изготвен план по различни…

Обука на клучниот персонал на вежбата „REGEX 19“

Во пресрет на вежбата „REGEX 19“, во период од 8 до 12.10.2019 година, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес започна обука на клучниот персонал на наведената вежба. Тежиштето на оваа активност ќе биде насочено кон обука на персоналот за настани со кои ќе се сретнат во текот на изведување на вежбата, а пред се…

Началникот на генералштабот на Армијата во официјална посета на Грција

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денес во седиштето на штабот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Солун,  ја оствари својата прва официјална посета на Вооружените Сили на Грција. По пречекот со високи воени почести во НАТО корпусот, генералот Ѓурчиновски, оствари средба со началникот на генералштабот на одбраната на Грција, генерал Христос…

Стационарно логорување со боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм

Во период од 23.09. до 27.09.2019 година баталјонот за Противвоздушна одбрана (бПВО), од составот на воздухопловната бригада (вбр), на АП „Криволак“, со персоналот кој е во состав на деклариран вод ПВО, реализираше стационарно логорување со боеви гаѓања со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм. За време на логорувањето реализирани се боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм…

Посета на воздухопловната бригада од општинската детска градинка „Буба Мара“ од општина Аеродром

На ден 27.09.2019 година дечиња од општинската детска градинка „Буба Мара“, од општина Аеродром остварија неколку часовна посета на воздухопловната бригада (вбр) како дел од цивилно воената соработка која вбр ја одржува со цивилните структури. Дечињата за време на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работните обврски…

Посета на баталјонот за почести од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи

Во посета на баталјонот за почести во касарната „Илинден“ во Скопје, денес во работна посета престојуваа резидентните и нерезидентните одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија. Посетата на баталјонот за почести претставува дел од редовните активности врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на одбранбени аташеи. Во текот на посетата…

Стационарно логорување на припадниците од артилериски баталјон

Во период од 23 до 27.09.2019 година на АП ,,Криволак“, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, реализираа стационарно логорување и артилериски боеви гаѓања (АБГ). За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и подготвеност на единицата на теренот, демонстрирана со успешна реализација на АБГ…

Експертски разговори од областа на воено воздухопловство и противвоздушна одбрана

Во деновите 24 и 25.09.2019 година, во командата на воздухопловната бригада во Петровец, се реализираа експертски разговори од областа на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана помеѓу експертски тимови на Република Северна Македонија и Република Бугарија. Разговорите ги водеа командантот на воздухопловна бригада полковник Роберт Малезански и полковник Димитар Павлов, офицер за обука во авио базата…