Курс за интегриран инженериски ангажман

Во периодот од 12.05. до 14.05.2015 година во инженерискиот баталјон (инжб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), претставници од Маринскиот корпус на Армијата на Соединетите Американски Држави (САД) од составот на Црноморските Ротациони Сили реализираа „Курс за интегриран инженериски ангажман“. На курсот покрај припадниците од инженерискиот баталјон, присуствуваа Офицерот за билатерална соработка, Координаторот…

Работилница за изработка на оперативен план за вежбата: „МАКЕДОНСКИ БЛЕСОК-11“

Во Центарот за обука „Пепелиште” во период од 11 до 15 мај 2015 година се реализира Работилница за изработка на оперативен план (ОПЛАН) и концепт за операции како една од фазите во континуираните подготовки за реализација на вежбата „Македонски Блесок 11”. За време на работилницата на која работен јазик беше англискиот од страна на учесниците…

Учество на штабни логистички офицери на АРМ на „LOGEX 2015“

Во период од 04. до 15.05.2015 година во Белград, Република Србија се одржа меѓународната логистичка вежба „LOGEX 2015“ на која учествуваа десет припадници на АРМ. На вежбата, покрај логистичките штабни офицери од АРМ, учествуваа и претстваници од армиите на: Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Финска, Црна Гора, Молдавија и Кралството Шведска. Целта на…

Семинар за употреба на експлозиви

Во периодот од 11.05 до 14.05.2015 година со дел од припадниците на баталјонот за Специјална Намена од составот на полкот за Специјални Операции се реализираше семинар за употреба на експлозиви. Семинарот беше реализиран во соработка со Националната Гарда на Вермонт од каде присуствуваа тројца старешини. Главна цел на семинарот беше размена на искуства и продлабочување…

Пилотите од воздухопловната бригада покажаа висока обученост при реализација на редовните вежбовни активности со хеликоптерите Ми-8 и Ми-24

Во склоп на редовните годишни плански активности за обука на единиците во состав на здружената оперативна команда, во период од 11 до 14.05.2015 година на АП „Криволак“ се реализира гранатирање ракетирање и бомбардирање (ГРБ) со хеликоптери од типот Ми-8 и Ми-24B од составот на воздухопловната бригада (вбр). Активноста е дел од редовната обука на пилотите…

Обиколка на ученици од Основното училиште „Невена Горгиева Дуња“ на воздухопловната бригада

На ден 13.05.2015 година, ученици од општинско основно училиште „Невена Горгиева- Дуња“ од Скопје, остварија посета на воздухопловната бригада (вбр) врз основа на цивилно воената соработка која бригадата ја има со цивилните структури во Република Македонија. За време на престојот во вбр учениците се запознаа со професијата и мотивација за професијата воен пилот, како и…

Посета на Министерот за одбрана на Република Латвија на полкот за Специјални Операции

Денес 12.05.2015 година во посета на полкот за специјални операции беше делегација на Министерството за одбрана на Република Латвија, предводена од Министерот за одбрана Рејмондс Вејонис. Делегацијата беше пречекана од страна на заменикот на командантот на полкот за специјални операции полковникот Орце Јордев заедно со потесниот дел од командата. За време на посетата делегацијата беше…

По повод денот на бригадата за логистичка поддршка избран најдобриот болничар

На ден 11.05.2015 година во одделението за медицинска обука во состав на Воено-медицискиот центар, се одржа натпревар за избор на најдобар болничар од состав на бригадата за логистичка поддршка (брЛп). Изборот на најдобар болничар се спроведе како дел од планираните активности по повод 20 мај – Денот на брЛп, на кој учествуваа припадници од бригадата…

Одбележување на „Денот на четата АБХО“

На ден 08.05.2015 година во касарната „Чојлија“ во Петровец, со постројување на припадниците од четата за Атомска Биолошка Хемиска Одбрана (чАБХО) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, Здружена оперативна команда, се одбележа 9 мај, Денот на единицата. Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили 9 мај е одреден…