Посета на 1.мпбр од страна на инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“

На ден 04.03.2015 година во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) престојуваше инспекциски тим од Вооружените Сили на Р.Словенија и Р. Хрватска придружуван од екипа од Одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за одбрана на Република Македонија. Посетата е со цел согледување на состојбата по специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекцискиот…

Методички курс за обука на подофицери

Денес 03.03.2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Методички курс за обука на подофицери. Курсот го посетуваат 28 (дваесет и осум) слушатели подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на Методичкиот курс за обука на подофицери е осовременување на начинот на изведување на квалитетна индивидуална, колективна и методичка подготовка на изведувачите на…

Учество на припадници на полкот за специјални операции во пренуркувањето на Охридското Езеро

На ден 28.02.2015 година тројца припадници од полкот за Специјални Операции зедоа учество во проектот за пренуркување на Охридското Езеро. Пренуркувањето ќе се реализира во етапи, а целосната должина која ќе се пренурка е 80 километри и 322 метри. Целта на проектот е да се истражи Охридското Езеро. Длабочината на која ќе се врши пренуркувањето…

Припадниците од баталјонот на Воената Полиција успешно ја реализираа обуката во зимски услови

Во период од 02.02. до 26.02.2015 година во центарот за обука во зимски услови „Попова Шапка“ припадниците од баталјонот на Воена Полиција (бВП) во неколку групи реализираа специфична обука во зимски услови. Обуката е дел од редовните вежбовни активности согласно Планот за обука на бВП и има за цел обучување за извршување на задачи во…

Средба на министерот за одбрана со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Денес, 27-ми февруари, министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини остварија средба со шесте штабни офицери на АРМ кои заминуваат во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, а ќе бидат распоредени во Мазар е Шариф во рамките на командата Север. Министерот Јолевски посакувајќи им успешна и безбедна…

Одбележување на „Денот на 1. механизиран пешадиски баталјон“

Денес 26.02.2015 година (четврток) во касарната „Боро Менков“ Куманово, со воена свеченост припадниците од 1 механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) го одбележаа 26-ти Февруари, Денот на единицата. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 26-ти февруари е одреден за Ден на првиот механизиран пешадиски баталјон, како датум…

Началникот на ГШ на АРМ положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето во Ротимље кај Мостар

Делегација на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, денес положи венец со свежо цвеќе на спомен обележјето во Ротимље кај Мостар, каде пред единаесет години трагично загина поранешниот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски. Генералот Котески присуствуваше на церемонијата за одбележувањето на единаесет годинишнината од загинувањето на поранешниот претседател на…

Одбележување на патрониот празник на касарната „Kузман Јосифовски-Питу“ во Тетово

Денес, 25 февруари 2015 година во кругот на касарната „Kузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, беше одбележан патрониот празник на касарната и 71 годишнината од загинувањето на Народниот херој Кузман Јосифовски-Питу. На одбележувањето на патронатот беа присутни бројни гости и претставници од јавниот и политичкиот живот, здруженија на граѓани, припадници на верските заедници, владини и невладини организации…