Од активностите на медицинскиот тим во мисијата АЛТЕА

Во периодoт од 18 до 26.09.2014 година припадниците на АРМ од медицинскиот тим во мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина имаа неколку активности со кои се афирмираше македонскиот тим во мисијата. Најпрвин на ден 18.09.2014 година македонскиот контингент во кампот Бумир – Сараево, беше посетен од страна на делегација предводена од командантот на Националната гарда…

Посета на Началникот на Генералштабот на АРМ на Здружената Оперативна Команда

Денес, 26-ти септември, Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал потполковник Горанчо Котески, ја посети Здружената Оперативна Команда (ЗОК). За време на посетата, генералот се запозна со текот на „Вежбата на командно место“ (ВКМ), која се одвива во Здружено оперативниот центар, кој за потребите на вежбата беше формиран во командата на ЗОК. ВКМ се реализира на…

Реализирани гаѓања со вооружувањето на АП Криволак

Во периодот од 22-26.09.2014 година на Армискиот Полигон „Криволак“ припадниците на полкот за Специјални Операции реализираа гаѓања со вооружувањето кое се наоѓа во единицата. Припадниците на полкот реализира гаѓања со повеќе видови на вооружување како што се: ОТ БТР 80, минофрлач 60 мм, рачен фрлач на гранати, РРФ 64мм, снајперски пушки и други вооружувања. Целта…

Потполковник Станоевиќ и постар водник I класа Петковиќ за подвигот, наградени од НГШ на АРМ со Златна значка на АРМ

Вчера, (24.09.2014 година), Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, со златна значка на АРМ ги награди потполковникот Предраг Станоевиќ од Воено-медицинскиот центар и постариот водник I класа Виктор Петковиќ од баталјонот на Воена полиција. Златна значка на Армијата, на старешините им е доделена за покажаната пожртвуваност и врвна обученост, при укажување на медицинска…

Воениот оркестар за првпат настапи пред граѓаните на Гевгелија

Синоќа, 24-ти септември 2014 година, Воениот оркестар на АРМ за прв пат со свој настап се претстави пред граѓаните на Гевгелија. На концертот кој се одржа на градскиот плоштад во Гевгелија, присуствуваа околу шестотини граѓани кои вистински уживаа во едночасовниот концерт на Воениот оркестар, кој настапи со изведба на филмска музика. Граѓаните на Гевгелија, беа…

Вежба на командно место во Здружената Оперативна Команда

Во период од 24 до 25.09.2014 година во просториите на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се реализира обука и извежбување на припадниците од ЗОК во работа на командно место. Активноста „Вежба на командно место“ (ВКМ) се реализира согласно Упатството за вежби на АРМ, со цел извежбување на потребните процедури на штабот во процесот на донесување на…

Посета на асоцијацијата на одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија на 1.мпбр

Резидентните и нерезидентните одбранбени аташеа акредитирани во Република Македонија од вкупно 11 земји, врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со асоцијацијата на одбранбени аташеа во Република Македонија, на ден 24.09.2014 година престојуваа во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). На одбранбените аташеа им беше посакано добредојде од страна на командантот на 1.мпбр бригаден…

Главниот подофицер на Националната гарда на Вермонт главен наредник Тоби Квик во посета на Командата за обука и доктрини

На ден 23.09.2014 година Командата за обука и доктрини (КОД) ја посети Главниот подофицер на Националната гарда (НГ) на Вермонт главен наредник Тоби Квик придружуван од Главниот подофицер на АРМ главен наредник Драган Стојановски и главните подофицери од првопотчинетите единици на ГШ на АРМ. Делегацијата ја пречека главниот подофицер на КОД главен наредник Љупчо Стојков…

Инспекција во 1.мпбр на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“

На ден 23-ти септември во 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) престојуваше четиричлен инспекциски тим од Вооружените Сили на Кралството Норвешка придружуван од екипа од одделението за верификација и контрола на вооружувањето при Министерство за Одбрана на Република Македонијаа во врска со инспекција на специфицираната област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“. Инспекцискиот тим изв обрши иколка…