Кондиционo рекреативен марш на припадниците од ЗОК

Денес, 5 ноември 2014 година, старешините и цивилните лица од составот на ЗОК реализираа кондиционо рекреативен марш. Маршот, се реализираше во реонот на с. Младо Нагоричане и истиот беше со должина од 15 (петнаесет) километри. Оваа активност се изведува неколкупати годишно, а целта е одржување на кондицијата на припадниците на ЗОК на потребно рамниште. За…

Започна курсот за прв подофицер во чета

На 04 Ноември 2014 година во Центарот за индивидуална обука од Команда за обука и доктрини, започна Курс за прв подофицер во чета. Слушатели на курсот се подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија. Целта на овој курс е да се идентификуваат должностите и одговорностите на првиот подофицер околу реализацијата и надгледувањето на индивидуалната…

Средба на медицинскиот тим на АРМ кој ќе учествува во мисијата АЛТЕА со Министерот за одбрана на Република Македонија и НГШ на АРМ

Денес, 31-ви октомври, Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески остварија средба со медицинскиот тим на АРМ кој во наредните шест месеци ќе учествува во седумнаесеттата ротација за мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина. Министерот Јолевски изрази задоволство од досегашната работа на медицинскиот тим на АРМ во мисијата…

Свечено испраќање на седумнаесеттата ротација на медицинскиот тим во мировната мисија АЛТЕА

Денес, 31-ви октомври, во Командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), се одржa свеченост по повод упатувањето на 17-тата ротација на медицинскиот тим во мировната мисија АЛТЕА, Босна и Херцеговина. Оновна цел на мисијата е медицинска поддршка од примарно ниво-РОЛЕ 1 за потребите на силите на ЕУФОР во кампот „Бутмир“. Командантот на брЛП, полковник Владимир…

Посета на тим на европската команда на Вооружените Сили на САД на дел од првопотчинетите единици од Здружената Оперативна Команда

Во периодот од 28 до 31. октомври 2014 година тим од европската команда на вооружените сили на САД (USEUCOM) реализираше посета на дел од првопотчинетите единици од Здружената оперативна команда (ЗОК). На 28-ми октомври тимот престојуваше во инженерискиот баталјон (инжб) и четата за АБХО од составот на 1. механизирана пешадиска бригада при што им се…

Посета на Команда за обука и доктрини од страна на командантот на Команда за обука и доктрини на косовските безбедносни сили на Р. Косово

На 29 и 30 октомври, Командата за обука и доктрини (КОД) ја посети висока воена делегација од косовските безбедносни сили на Република Косово, предводена од командантот на Команда за обука и доктрини, бригаден генерал Енвер Цикаќи. Посетата се одвива во рамките на планот за билатерална соработка на Армијата на Република Македонија со Република Косово. Согласно…

АРМ прими донација од Република Турција вредна 2 милиони долари

Од осамостојувањето на Република Македонија, Турција беше првата земја која подаде пријателска рака, земја која изрази подготвеност за соработка и помош во сите сфери, а особено во областа на одбраната. Отвореноста и блиската соработка се најзначајната алка во градењето на стратешките односи помеѓу двете земји. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран…

Пристигна нова генерација војници на доброволно служење на воениот рок

На 27 Октомври во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“, Велес во Центарот за индивидуална обука пристигнаа 230 лица, кои идните три месеци ќе бидат составен дел од Армијата на Република Македонија. Меѓу нив има 14 припаднички од женскиот пол кои имаат желба да бидат војници. Ова е дваесет и четврта генерација војници кои доброволно ќе…