Тромесечни брифинзи за обука во првопотчинетите единици на ЗОК

Во период од 05.03 до 12.03.2015 година согласно годишниот План за обука во првопотчинетите единици од составот на Здружена Оперативната Команда се реализираа тромесечни брифинзи за обука (ТБО) за првото тромесечие од 2015 година. На брифинзите командантите на единиците се запознаа со степенот на реализираните содржини и активности од доменот на обуката и со нивото…

Прием на делегација од Вооружените сили на Република Турција од заменикот на НГШ на АРМ

По повод одбележувањето на 116 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола, во тридневна официјална посета на Република Македонија од денес претстојува делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Турција. Денес, заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини се сретна со бригадниот генерал Шукру Екен, кој ја предводи делегацијата…

Одбележување на денот на Резервни Сили

Денес 11 март во касарната „Боро Менков“ во гарнизонот Куманово со воена свеченост се одбележа Денот на резервни сили. Со одлука на претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов, 11-ти март е одреден за Ден на резервни сили како датум со кој се одбележува превземањето на првата караула, а…

Посета на НГШ на АРМ на Вооружените сили на Кралството Шпанија

Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, од денес престојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Кралството Шпанија. Денес, НГШ на АРМ во Мадрид беше пречекан со високи воени почести од страна на началникот на ГШ на ВС на Кралството Шпанија, генерал адмирал Фернандо Гарсија Санчез.…

Заврши обуката во зимски услови

Во периодот од 23.02.2015 година до 06.03.2015 година припадниците од 1. и 2. механизиран пешадиски баталјон (1.мпб и 2.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) во реонот на “Лисец” – Плачковица реализираа обука во зимски услови. Согласно годишниот план за обука со ова заврши циклусот на обука во зимски услови на високо планинско…

Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот на САД

Денес, 9-ти Март 2015 година, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари протоколарна средба со новопоставениот амбасадор на САД во Република Македонија, Н. Е. Џес Бејли. Посакувајќи му успех и резултати на амбасадорот на САД, генералот Котески ја истакна одличната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на САД, кои претставуваат стратешки партнер на…

Во Здружената Оперативна Команда и потчинетите команди и единици се одбележа 8-ми Март – Ден на жената

На ден 06.03.2014 година во Здружената Оперативна Команда (ЗОК) и дел од потчинетите команди и единици по повод 8ми Март – Ден на жената традиционално се организира прием на припадничките од женскиот пол од страна на командантите на единиците . На припадничките од женскиот пол им беше оддадено признание за професионализмот во извршувањето на задачите,…

Средното Економско училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје во посета на касарната „Илинден“ и баталјонот на Воената Полиција

Денес 06.03.2015 година ученици од средното Економско училиште „Васил Антевски – Дрен“ од Скопје реализираа еднодневна посета во касарната „Илинден“ и баталјонот на Воената полиција (бВП) како дел од соработката со која единицата ја има со цивилните структури. За време на посетата учениците имаа можност да се запознаат со животот и работата на припадниците на…

Заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок

Денес 06.03.2015 година во касарната „Алексо Демниевски-Бауман”, Велес се реализира воена свеченост по повод давањето заклетва на војниците на доброволно служење на воениот рок од генерацијата „Февруари“ 2015 година. Заклетва дадоа 165 војници меѓу кои 12 припаднички од понежниот пол. Ова е дваесет и петта генерација војници кои доброволно го служат воениот рок. На свеченоста…