Реализирана 3-та национална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во ЦО „Пепелиште“ во период од 04.03 до 07.03.2019 година се реализира третата националната работилница за вежбата „REGEX 19“ на која учествуваа припадници од Здружена оперативна Команда, 1. механизирана пешадиска бригада, бригадата за логистичка поддршка, Команда за обука и доктрини и полкот за специјални операции. На отворањето од националната работилница директорот на вежбата, полковник Звонко…

Примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада

Денес во касарната ,,НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост беше извршено примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста од досегашниот командант на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски ја прими полковникот Драган Ковачки кој до сега беше дел од штабот на бригадата. На свеченоста присуствуваа заменикот на началникот на ГШ на…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Технички Ремонтен Центар

Денес во кругот на Техничкиот Ремонтен Центар (ТРЦ) – Скопје со воена свеченост во присуство на командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми се изврши примопредавање на должноста командант на ТРЦ помеѓу потполковник Саше Јакимовски и потполковник Чедомир Јовевски. Во говорот, пред присутните гости командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми изрази благодарност на потполковник Саше Јакимовски…

ЗОК активно учествуваше во акцијата за пошумување

Припадниците на Здружената оперативна команда (ЗОК), предводени од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, денеска активно се вклучија во акцијата за пошумување во организација на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово. Во координација со претставниците од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово, персоналот од ЗОК беше ангажиран на локацијата „Даштев Рид“ во Куманово…

Прием на должност заменик на командант и примопредавање на должност началник на штаб во ЗОК

Денес, 05.03.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира прием на должност Заменик на командантот во ЗОК на бригаден генерал Орце Јордев и примопредавање на должноста началник на штаб во ЗОК помеѓу бригаден генерал Орце Јордев кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност полковник Бесник Емини. На свеченоста пред дел од…

Генералот Ѓурчиновски како дел од работната посета на САД, во Пентагон оствари средби на високо ниво

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во работна посета на Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден оствари посета на Здружениот Штаб на вооружените сили на САД, во Пентагон. Во Пентагон, генералот Ѓурчиновски најпрвин оствари средба на високо ниво, меѓу кои со Директорот на Националната Гарда на Армијата на…

Работна посета на началникот на генералштабот на армијата на САД

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во период од 04.03 до 09.03.2019 година, ќе оствари работна посета на Соединетите Американски Држави. За време на престојот во САД, генералот Ѓурчиновски е планирано да оствари работна посета на Здружениот Штаб на вооружените сили на САД, во Пентагон и на Националната Гарда на Вермонт. Во Пентагон,…

Одбележан Денот на полкот за Специјални Операции и Јубилејот „25 години сили за Специјални Операции“

Под мотото „Посветеност и професионализам“ припадниците на полкот за специјални операции (пСО) денес во касарната ,„Илинден“ во Скопје, со воена свеченост го одбележаа денот на единицата и јубилејот 25 години „Сили за специјални операции“. На воената свеченост покрај Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски присуствуваа и заменикот…

Испраќање на штабните офицери во мировната операција „Одлучна поддршка“

Командантот на Здружено оперативната команда генерал-мајор Павле Арсоски оствари средба со штабните офицери кои заминуваат во Командата за обука, асистенција и советување – Север (КОСА-С) во мисијата „Одлучна поддршка“ во ИР Авганистан. За време на средбата, генералот Арсоски им порача дека од нив се очекува достојно и професионално извршување на задачите со што би го…