Свечено примопредавање на должност командант на прва механизирана пешадиска бригада

Денес 25 август 2015 година, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод примопредавањето на должноста командант на Прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ. Должноста командант на 1.мпбр од бригадниот генерал Павле Арсоски ја прими полковникот Зоран Милески кој досега ја извршуваше должноста началник…

Проштална средба на Началникот на ГШ на АРМ со одбранбеното аташе на Република Полска во Република Македонија

Денес, 24-ти август 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари проштална средба со потполковник Адам Зугај одбранбено аташе на Република Полска во Република Македонија. На средбата генералот Величковски упати благодарност кон потполковникот Зугај, истакнувајќи го неговиот придонес во продолжувањето на билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Полска, која…

Свечено примопредавање на должност Командант на Здружената Оперативна Команда

Денес, 21 август 2015 година со почеток во 11.30 часот, пред Здружената Оперативна Команда (ЗОК), во касарната „ Боро Менков“ во Куманово се реализира воена свеченост по повод прием на должноста командант на ЗОК од страна на бригаден генерал Васко Ѓурчиновски. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана на Република Македонија г-дин Зоран Јолевски, началникот на…

Присуство на делегација од АРМ на смена на командантот на SEEBRIG во Лариса, Грција

Делегација на АРМ предводена од бригаден генерал Павле Арсоски на ден 20 и 21.08.2015 година, присуствуваше на свеченост а по повод смена на командантите на SEEBRIG (South-Eastern Europe Brigade – Југо Источната Европска Бригада), во Лариса, Грција. SEEBRIG е формирана во 1999 година, како резултат на договорот за регионална соработка на полето на одбраната познат…

Свечено одбележан Денот на АРМ во Здружената оперативна команда и првопотчинетите единици

Денес 18.08.2015 година во гарнизоните Куманово, Петровец, Скопје, Штип, Тетово, Кичево, Прилеп, каде се стационирани потчинетите единици на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) се одржаа воени свечености по повод прославата на 18ти Август, Денот на Армијата на Република Македонија. Претходно на ден 17.08.2015 година , согласно Правилото на воен протокол, со одржување на свечен собир на…

Прослава на денот на АРМ во касарна „Илинден“

Денес 18.08.2015 година во касарната „Илинден“ – Скопје се одржа свеченост по повод 18-ти Август денот на АРМ. Свечениот строј по повод прославата на Денот на АРМ го сочинуваа ешaлони од повеќе единици на АРМ кои се сместени во касарната „Илинден“. За време на свеченоста пред стројот беа прочитани честитките од Министерот за одбрана на…

Одбележан Денот на АРМ во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес

На ден 17.08.2015 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одржа свечен собир на вработените по повод одбележување на 18 Август – Денот на АРМ. На свечениот собир присуствуваа вработени во касарната, претставник од ГШ на АРМ и поканети гости од локалната самоуправа, државните институции и здруженија на Велес. Собирот беше последната…