Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот и одбранбеното аташе на Обединетото Кралство во Република Македонија

Денес, 11-ти септември 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија Н.Е Чарлс Герет и Одбранбеното аташе потполковник Ричард Пери. На средбата, генералот Величковски и амбасадорот Герет ја истакнаа одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Обединетото Кралство. Тие ги изразија…

Свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници во касарната „Илинден“ во Скопје

Денес (7-ми септември 2015 година) во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа свеченост по повод приемот на новите 125 професионални војници во АРМ. На свеченоста присуствуваа: министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски и други гости од МО и АРМ.…

Финална Координативна Конференција за вежбата „Македонски Блесок 11“

Во Центарот за обука (ЦО) Пепелиште во период од 31.08-04.09.2015 година се реализира Финалната Координативна Конференција (ФКК) за вежбата „Македонски Блесок 11” (МБ-11). На конференцијата, под раководство на директорот на вежбата и лидерите на синдикатите се изработени сите документи предвидени со Директивата за планирање на вежби на НАТО 75-3, Динамички план за подготовка и реализација…

Реализирана стручно специјалистичка обука во летни услови во кампот Радожда

Припадниците од извидувачките водови од составот на потчинетите единици на првата механизирана пешадиска бригада од Здружената Оперативна Команда, во период од 20.08.2015 година до 04.09.2015 година, во кампот Радожда на Охридското езеро реализираа стручно специјалистичка обука во летни услови. Цел на обуката е оспособување на припадниците од овие водови за користење во техники и стилови…

НГШ на АРМ и командантот на ЗОК ги посетија припадниците на инженерискиот баталјон ангажирани во село Порој, Тетовско

Денес (2-ри септември 2015 година), началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски ги посетија припадниците на инженерискиот баталјон на АРМ, ангажирани на реконструкција и изградба на мостовите во село Порој, Тетовско. Во присуство на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и заменикот на…

Министерот за одбрана, НГШ на АРМ и командантот на ЗОК ги посетија припадниците на АРМ распоредени на јужната граница

Министерот за одбрана, Зоран Јолевски заедно со началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски и со командантот на ЗОК, бригадниот генерал Васко Ѓурчиновски денес ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија, распоредени на јужната граница. Главна цел на Армијата е да даде поддршка на државните институции односно на граничната полиција и на…

Посета на воената вежба „Операција Фаланга-Македонија„ од страна на министерот за одбрана Зоран Јолевски, амбасадорот на САД во РМ Џес Бејли, НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски и командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски

Денешната показна вежба на армискиот полигонот Криволак на Воените полиции на Македонија и САД, која е дел од воената вежба „Операција Фаланга – Македонија“ беше доказ за одличните односи и високото ниво на соработка помеѓу двете армии. Ова е заедничка констатација на министерот за одбрана, Зоран Јолевски, амбасадорот на САД, Џес Бејли и началникот на…

Примопредавање на должноста Заменик на НГШ на АРМ

Денес, 27 август 2015 година, во Генералштабот на Армијата на Република Македонија, се изврши свечено примопредавање на должноста заменик на началникот на Генералштабот (Заменик на НГШ на АРМ). Должноста Заменик на НГШ на АРМ од генерал – потполковник Насер Сејдини ја прими генерал – мајор Мухамет Рацај кој досега ја извршуваше должноста заменик на командантот…