Започна селективниот курс со кандидатите за прием во специјалните единици на АРМ

Во Центарот за обука „Пепелиште“ и терените на Армискиот полигон „Криволак“ започнувајќи од 03.11.2015 година ќе се реализира 24-дневен селективен курс со кандидатите за професионални војници за прием во специјалните единици на Армијата на Република Македонија. Во текот на селективниот курс кај кандидатите ќе биде проверена нивната физичка подготвеност, храброст, мотивираност, стручност, лојалност, чесност и…

Прием на новопоставените потпоручници од страна на командантот на ЗОК

На ден 02.11.2015 година, во Здружената оперативна команда (ЗОК) во касарната „Боро Менков“ во Куманово, од страна на командантот на ЗОК бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, беа примени 26 новопоставени потпоручници на служба во Армијата на Република Македонија. Командантот на ЗОК во своето обраќање ги поздрави потпоручниците и им посака добредојде и успешна работа. Генералот Ѓурчиновски…

Баталјонот за почести доби нов командант

Денес, 30 октомври во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на баталјонот за почести (бП). На свеченоста присуствуваа началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, команданти и претставници на останатите команди и единици на АРМ и единиците лоцирани во касарната „Илинден“. Должноста командант на бП, потполковник…

Средба на НГШ на АРМ со амбасадорот на Руската Федерација

Денес, 29-ти октомври 2015 година, во рамки на протоколарните средби со дипломатските претставници акредитирани во Република Македонија, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Н.Е. Олег Шчербаг. Притоа се разговараше за можностите и активностите кои би биле вклучени во Планот за билатерална воена соработка…

Свечено одбележан денот на баталјонот на Воена полиција

Денес, 29-ти Октомври во касарната ,,Илинден“ во Скопје, за прв пат на овој датум со воена свеченост се одбележа денот на баталјонот на Воена полиција (бВП) од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК). Со одлука на Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорѓе Иванов, 29-ти Октомври е определен за ден на…

Средба на началникот на ГШ на АРМ со командантот на КФОР

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, денес (26-ти октомври), оствари средба со командантот на КФОР генерал-мајор Гуљелмо Луиѓи Миљета кој престојуваше во официјална посета на ГШ на АРМ. За време на престојот во ГШ на АРМ, генералот Миљета беше примен и од министерот за одбрана Зоран Јолевски. На средбата со НГШ на АРМ…

Средба на Началникот на ГШ на АРМ со заменикот на амбасадорот на Република Унгарија

Денес, 21-ви октомври 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со заменикот на амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Гјула Шомогји. Генералот Величковски искажа благодарност до Република Унгарија за поддршката на евроатланската интеграција на Република Македонија, како и за заложбата за прием на нашата држава во НАТО.…

Средба на Началникот на ГШ на АРМ со шефот на канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија

Денес, 21-ти октомври 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, Н.Е. Теохарис Лалакос. Началникот на ГШ на АРМ меѓуармиската соработка со Република Грција ја оцени како исклучително важна, при што истакна дека во наредниот период таа треба…