Официјална посета на АРМ од Началникот на ГШ на ВС на Р. Хрватска генерал Драго Ловриќ

Денес (15 октомври 2015 година) со високи воени почести во ГШ на АРМ беше пречекана висока делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од Началникот на ГШ генерал Драго Ловриќ кој се наоѓа во официјална посета на АРМ. Во обраќањето пред медиумите Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, соработката со ВС…

Одбележување на денот на баталјонот за воздушно набљудување и јавување

Денес 15.10.2015 година во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод одбележувањето на денот на баталјонот за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ) од составот на воздухопловната бригада (вбр). На свеченоста присуствуваа: командантот на вбр полковник Кире Колевски, Началникот на Штаб на вбр полковник Заим Шкријељ, претставници од командата на вбр,…

Инспекција согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ во Генералштабот на АРМ и потчинетите команди и единици

Инспекциски тим на специфицираната област согласно одредбите од „Виенски документ 2011“ во период од 14-15 октомври изврши обиколка на Генералштабот (ГШ) на АРМ и потчинетите команди и единици. Инспекцискиот тим беше составен од припадници на Вооружените Сили на Република Португалија со гостин инспектор од Кралството Белгија и од Соединетите Американски Држави придружуван од одделението за…

Работилница за родова перспектива со главните подофицери во АРМ

Денес и утре во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Ј-1 од ГШ на АРМ, се одржува работилница на тема „Родовата перспектива“. На работилницата учествуваа главните подофицери од ГШ на АРМ и потчинетите команди и единици до ниво на баталјон. Целта на работилницата е учесниците да се запознаат со најзначајните аспекти на Резолуцијата…

Државно средно училиште „Никола Карев“ во посета на касараната „Илинден“

На ден 14.10.2015 година во касарната „Илинден“ и полкот за специјални операции се реализираше посета од страна на државното средно училиште „Никола Карев“. Учениците најпрвин го посетија баталјонот за почести каде имаат можност да се дружат со гардистите на АРМ, кој пред нив демонстрираа дел од секојдневните активности. Припадниците на баталјонот на воена полиција пред…

Ден на високи гости на вежбата „Македонски Блесок-11“

Денес, 09-ти октомври, на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ во рамки на вежбата „Македонски Блесок-11” се реализира предвидената програма за Денот за високи гости. На активноста присуствуваа заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, командантот на Здружената оперативна команда на АРМ бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, претставници од…

Примопредавање на должност командант на Центарот за снабдување и транспорт

Денес, 8-ми октомври во касарната „Илинден“, се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Центарот за снабдување и транспорт (ЦСТ) од составот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП). На примопредавањето присуствуваа претставници од секциите за логистика од Генералштабот на АРМ, Здружената оперативна команда, бригадата за логистичка поддршка, командантите на баталјоните од составот на…

Донација од припадниците на АРМ кои учествуваат на вежбата „Македонски Блесок-11“ за ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци

Денес, 07 октомври 2015 година, учесниците на вежбата „Македонски Блесок-11“ донираа ужина во паралелката за деца со специјални потреби и првачињата од ОУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Со ова уште еднаш беше потврдена одличната соработка на АРМ со локалното население за време на изведување на вежбовните активности. Согласно листата на инциденти и настани, денес на…

Оценување на чета од Воена Полиција и Ренџерска чета на вежбата „Македонски Блесок-11“

Денес, 06 октомври 2015 година, во раните утрински часови декларираната чета на Воена Полиција (чВП) успешно изврши марш од касарната „Илинден“ во Скопје до Армискиот полигон (АП) „Криволак“ и постави постојана контролна точка на влезот во АП „Криволак“, како една од првите борбени постапки со која започна оценувањето на оваа единица, согласно Концептот за оперативни…