Делегација на Вооружените сили на Унгарија во посета на АП „Криволак“ и јужната граница

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Унгарија предводена од генерал Тибор Бенко, придружувана од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, за време на денешната посета на караулата „Богородица“ се запозна со актуелната состојба на јужната граница поврзана со мигрантската криза. Пред делегацијата беа презентирани и дел од активностите кои АРМ ефективно ги спроведува…

Началникот на ГШ на ВС на Унгарија во официјална посета на АРМ

Високата воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Унгарија, предводена од Началникот на ГШ на ВС на Унгарија генерал Тибор Бенко, која се наоѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија денес престојуваше во Генералштабот (ГШ) на АРМ. Делегацијата придружувана од амбасадорот на Унгарија во Република Македонија НЕ Јожеф Бенце…

Посета на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција и одбележување на помен за загинатите припадници во Вејце

Претседателот на Владата на Република Македонија Емил Димитриев, министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски, денес во касарната „Илинден“ остварија посета на припадниците на полкот за Специјални Операции и баталјонот на Воена Полиција при што проследија дел од активностите на припадниците на овие единици. Присутните ги проследија…

НГШ на ВС на Словачката Република во посета на единиците на АРМ на јужната граница на Република Македонија

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република предводена од генерал Милан Максим во текот на денешниот ден по средбата со Претседателот на Република Македонија и Врховен Командант на Вооружените сили Ѓорге Иванов ја посети јужната граница на Република Македонија. Во реонот на караулата „Богородица“ од страна на припадниците на Армијата на Република Македонија делегацијата…

Заедничка обука на припадниците на извидувачките единици од АРМ и Кралскиот Ирски Полк

Во периодот од 18-24 Април 2016 година, на армискиот полигон Криволак, се реализира заедничка обука на извидувачките единици од 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) и едно извидувачко одделение од првиот баталјон на Кралскиот Ирски Полк на Британската Армија. За време на обуката припадниците н двете армии ги презентираа своите вештини во извршувањето на основните и…

Saber Junction 2016

Во период од 7 до 20.04.2016 година припадниците од баталјонот за Специјална Намена од полкот за Специјални Операции учествуваа во Мултинационалната здружена вежба „Saber Junction 16“. Вежбата се реализираше во Здружениот Мултинационален Центар за спремност во Графенвер и Хохенфелс – Германија, но повремено беа користени и базата во Авијано – Италија и бази во делови…

Началникот на ГШ на ВС на Словачката Република во официјална посета на АРМ

Делегацијата на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република, предводена од началникот на ГШ на ВС на Словачката Република генерал Милан Максим, која се наоѓа во дводневна официјална посета на Република Македонија и Армијата на Република Македонија денес во Генералштабот (ГШ) на АРМ, по пречекот со високи воени почести оствари средба и официјални разговори со Началникот…

Делегација од воената полиција на Бугарската армија во посета на баталјонот на воена полиција

Во период од 25 до 27.04.2016 година во посета на баталјонот на Воената Полиција (бВП), престојуваше делегација од Воената полиција на Бугарската армија предводена од заменик директорот на Центарот за логистика и обука, потполковник Никола Јовков и главен инспектор во секторот за безбедност и контрола на сообраќајот потполковник Симеон Георгиев. Делегацијата беше пречекана од страна…

Реализација на Семинар за научени лекции од страна на НАТО мобилен тренинг тим (МТТ)

Во период од 19-21.04.2016 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше семинар за научени лекции од страна на Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции во Командата за обука и доктрини и НАТО мобилен тренинг тим (МТТ). На предавањата кои ги изведоа сертифицирани предавачи од НАТО командата во…