Организирање на спортски натпревари во КОД

На 07.04.2016 Командата за обука и доктрина (КОД) организираше спортски натпревари како дел од подготовките за прослава на „15 април – Денот на Командата за обука и доктрини“. Во касарната „Алекса Демниевски – Бауман“ во Велес се организирани натпревари во мал фудбал, шах и пинг-понг. Освен вработените и потчинетите единици на КОД на спортските натпревари…

Во Генералштабот на АРМ реализирана официјална средба и разговори со делегација на Вооружените сили на Република Турција

Безбедносната ситуација во регионот и актуелната мигрантска криза, мерките кои Армијата на Република Македонија (АРМ) ги спроведува во успешно справување со истата, учеството на АРМ во операциите за поддршка на мирот и планираните идни ангажмани на ова поле беа темите на разговор на денешната средба во Генералштабот (ГШ) на АРМ помеѓу Началникот на Генералштаб на…

Артилерискиот баталјон го одбележа 10 Април – Денот на единицата

Во касарната „Мирче Ацев“ Прилеп, со воена свеченост припадниците на артилерискиот баталјон (артб) го одбележаа 10 Април – Денот на единицата. На свеченоста присуствуваа: командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Зоран Милески, команданти на единиците на АРМ, поранешни команданти на артилериските единици, претставници од Сојузот…

Официјална посета на Началникот на ГШ на АРМ на командата на КФОР во Косово

Делегација на Армијата на Република Македонија (АРМ) предводена од Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, се наоѓа во еднодневна официјална посета на командата на КФОР во Приштина. За време на посетата се оствари средба и разговори со командантот на КФОР, генерал-мајор Џулиелмо Миљиета. На средбата во Приштина, која се реализира на покана од…

Учество на делегација на АРМ на меѓународен симпозиум за воздушно војување во Република Турција – 2016

Делегација на АРМ предводена од Началникот на Штаб во Здружено оперативната команда (ЗОК), бригаден генерал Азим Нуредин во периодот од 30.03 до 02.04.2016 година учествуваше на Меѓународен симпозиум за воздушно војување 2016 (International Sympozium on Air Warfere 2016 – ISAW’16) кој се реализираше во Истанбул, Турција. Симпозиумот беше во организација на турскиот воздухопловен колеџ и…

Свечено одбележан Денот на 1. механизирана пешадиска бригада

Денес, во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец со воена свеченост се одбележа Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Како најголема здружено-тактичка единица во состав на Здружената оперативна команда претставува главна борбена сила на АРМ која обезбедува готови сили за заштита и поддршка на националните интереси и давање на поддршка при природни непогоди и други…

Примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Центарот за електронско извидување (ЦЕИ). Должноста командант на ЦЕИ е поставен потполковник Марјан Масевски кој ја прими должноста од потполковник Николче Милковски. Согласно Правилото за воен протокол на свеченоста се прочитаа наредбите за поставување, по што следea пригодни говори…

Новопримените припадници на ренџерскиот баталјон со гордост ги примија обележјата на единицата

По успешно завршениот шестомесечен ренџерски курс новопримените припадници на ренџерскиот баталјон и официјално станаа членови на оваа престижна единица. За време на овој напорен курс новопримените професионални војници со ентзијазам се справија со сите физички, психички и интелектуални препреки знаејки дека само најупорните, најспособните и најмотивираните можат да успеат. За време на курсот се изведуваа…

Одбележување на петнаесет години од трагичното загинување на Командантот на баталјонот на Воена Полиција

Денес 28-ми Март 2016 година во касарната „Илинден“ во Скопје беше одржан помен по повод навршувањето на 15 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен командантот на баталјонот на Воената Полиција). По тој повод на спомен обележјето пред командата на баталјонот на Воена Полиција (бВП), свежо цвеќе положија: Командантот на Здружената…