АРМ го одбележа 24-от роденден

Припадниците на Армијата на Република Македонија, со особена чест и достоинство денес го одбележаа Денот на АРМ. АРМ го прославува 24-тиот роденден извршувајќи ги со посветеност задачите во погодените подрачја од поплавите во Скопскиот регион, на јужната граница, во касарните, но и илјадници километри оддалечени од татковината во мировните мисии. Нека е честит роденденот на…

Одбележување на денот на АРМ во касарна „Илинден“

Денес 18.08.2016 година во касарната „Илинден“- Скопје со постројување на единиците се одбележа 18-ти Август денот на АРМ. Пред започнувањето на одбележувањето, делегација составена од командантот на полкот за специјални операции и командантите на баталјоните положија свежо цвеќе на споменикот на загинатите припадници на полкот во Вејце. Свечениот строј по повод одбележувањето на Денот на…

Свечен собир на вработените на ЗОК по повод Денот на Армијата на Република Македонија

Во касарната „Боро Менков“ во Куманово, пред зградата на Здружената оперативна команда се одбележа Денот на Армијата на Република Македонија со свечено постројување на вработените во Здружената оперативна команда. Пред присутните, Командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски одржа пригоден говор. Во говорот, тој истакна дека 24-тиот роденден на Армијата се одбележа симболично, во…

Полагање венци свежо цвеќе по повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ

По повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ, на градските гробишта во Бутел во Скопје, пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта венци со свежо цвеќе положија: делегација на ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ…

Примопредавање на должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка

Во командата на бригадата за логистичка поддршка во Скопје, се изврши примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка, од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ. Должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка ја прими полковникот Васко Тошевски, кој досега ја извршуваше должноста на Началник на Ј-4 секцијата (логистичка поддршка) во Здружената оперативна…

Припадниците на АРМ неуморни на терен во справувањето со последиците од невремето

Припадниците на АРМ се активно вклучени во расчистувањето на теренот по катастрофалната поплава што викендов го зафати скопскиот регион. Војниците помагаат при расчистување на дворовите, улиците, како и при доставувањето на неопходните работи до најпогодените подрачја. Во справување со последиците предизвикани од невремето АРМ постојано е на терен во најпогодените подрачја припадниците на АРМ во…

АРМ и МО им одаде почит на загинатите припадници на АРМ во Љуботенски бачила

По повод навршување на петнаесет години од загинувањето на осум припадници од резервниот состав на АРМ, делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, со полагање на венци со свежо цвеќе на споменикот на бранителите во с. Љубанци им одаде почит на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски бачила. Во…

Учество на питомци од Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ од Скопје на активност „Недела на Копнената воена академија на Република Турција-UHASAT“

Согласно планот за билатерална соработка за 2016 година меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Република Турција, во период од 24.07-02.08.2016 година, Командата на Турската Воена академија ја реализираше деветтата „Недела на воена обука, гаѓање и вежба на питомци (UHASAT)“. Целта на оваа активноста е обука и размена на искуства на питомците од повеќе…