Почеток на јануарски циклус курсеви по англиски јазик

На 16.01.2017 (понеделник) Центарот за странски јазици (ЦСЈ), кој е дел од Командата за обуки и доктрини (КОД), започна со јануарскиот циклус на јазична обука по англиски јазик за 2017 година. Групите во овој тримесечен циклус, кој ќе заврши во април, се од второ до петто ниво. Обуката по англиски јазик во овој циклус е…

Учество на НГШ на АРМ на состанок на Воен комитет на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денес учествуваше на заседанието на воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови на земјите членки на НАТО и земјите учеснички во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, кој се одржува во седиштето на НАТО во Брисел. На сесијата за мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан…

Анализа на цивилно-воената соработка за 2016 година во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево

Денес традиционално се одржа годишната анализа на цивилно – воената соработка на 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево. Командантот на 4.мпб по приемот на присутните на годишната анализа ги изнесе клучните активности кои заедно со цивилните структури се организирани и реализирани во текот на изминатата 2016 година во зоната на…

Одбележана деветгодишнината од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Со полагање на цвеќе на спомен-обележјата пред командата на Воздухопловната бригада (вбр) во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и на местото на несреќата кај катлановско Блаце се одбележа деветгодишнината од трагичното загинување на единаесет припадници на вбр. Почит на загинатите припадници, покрај членовите семејствата им оддадоа и делегации од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија,…

Годишно реферирање за борбената готовност на потчинетите команди и единици

Во Здружената оперативна команда во касарната „Боро Менков“ во Куманово, се одржа годишно реферирање на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ за статусот на борбената готовност во 2016 година. Командантите на потчинетите команди и единици му реферираа на началникот на ГШ на АРМ за достигнувањата, реализацијата на плановите, обуката и останатите сегменти од…

Прием на должност командант на Командата за обука и доктрини

Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се одржа пригодна воена свеченост по повод поставување на полковник Љубенчо Петровски на должност командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Полковник Петровски досега ја извршуваше должноста заменик на командантот на КОД, а по заминување во пензија на претходниот командант на КОД, полковник Љупчо Костовски успешно…

Одбележан патрониот празник на касарната „Мирче Ацев“ – Прилеп

Во касарната во Прилеп, беше одбележан патрониот празник и 74 години од загинувањето на народниот херој Мирче Ацев. Букети свежо цвеќе пред бистата на херојот положија: делегација од 1.мпбр предводена од бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, делегација од артилериски баталјон, предводена од потполковник Ивица Цветковски, делегација од општина Прилеп и делегација од Сојузот на борците од…

Одбележување на патрониот празник на касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец

Со полагање на свежо цвеќе пред бистата на Народниот Херој Страшо Пинџур во Петровец од страна на делегации предводени од командантот на здружена оперативна команда бригаден генерал Зоран Милески, командантот на 1.механизирана пешадиска бригада бригадeн генерал Mирче Ѓоргоски, командантот на воздухопловната бригада полковник Роберт Малезански, претставници од општина Кавадарци, Музејот на градот Кавадарци, Здружението на…

Претседателот Иванов во првиот ден од 2017 меѓу припадниците на АРМ во армискиот склад „Еребино“

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, традиционално првиот ден од новата година ги посети припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници. Претседателот Иванов оваа година го посети армискиот слад „Еребино“, каде придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски им ја…