Одбележување на Денот на 4.механизиран пешадиски баталјон

Денес во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево со воена свеченост припадниците од 4. механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), го одбележаа Денот на единицата како продолжувач на негување на традициите од формирањето на Кичевско-Мавровскиот партизански одред. На денот на единицата присуствуваа, директорот на ГШ на Армијата, генерал-мајор Зоран Милески, командантот…

Координативен состанок со ЦУК, Црвен Крст и Бирото за јавна безбедност

Во просториите на Здружената оперативна команда (ЗОК) се одржа координативен состанок на кој учествуваа заменикот на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев, претставници од регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК), Бирото за јавна безбедност и од Црвениот Крст на Република Северна Македонија. Целта на реализацијата на овој работен состанок беше да се изврши…

Градиме капацитети – обврска од „Есенска Бура 2018“ за усогласување на стандардите и процедурите помеѓу специјалните сили на МВР и АРМ

На полигоните во касарните „Илинден“ и „Ѓорче Петров“ припадниците на полкот за Специјални Операции заедно со своите колеги од специјалните единици на МВР реализираа заедничка обука. Најдобрите во својата професија во изминатите неколку дена разменуваа знаења и искуства од својот делокруг на работата. Оваа обука е резултат на научените лекции од првата интерагенциска вежба „Есенска…

Одбележан Денот на Бригадата за логистичка поддршка

Припадниците на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) по седми пат од нејзиното формирање согласно постојната формација со воена свеченост го одбележаа Денот на единицата. Заменикот командант на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Орце Јордев, честитајќи им го денот на единицата на припадниците на брЛП, нагласи дека квалитетната и навремена логистичка поддршка сигнификантно влијае во…

Учество на припадници на баталјонот на Воена полиција на меѓународна воена вежба во Р. Бугарија

Во периодот 12-18.05.2019 година, вод од составот на баталјонот на Воена полиција, со пет борбени моторни возила учествуваше на меѓународна воена вежба „Beyond Horizon-19“ во воената база „Ново Село“ во близина на Сливен во Република Бугарија. Покрај припадниците на баталјонот на Воена полиција на меѓународната вежба присуствуваа припадници на Воена полиција од пет земји со…

Одржана национална работилница за вежбата „REGEX 19“

Од 13–ти до 17-ти мај, во издвоениот објект „Радожда“, се одржа националната работилница за вежбата „REGEX 19“, која е дел од планирачкиот процес, а истата ќе се реализира во време од 14-ти до 18-ти октомври во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес. На самиот почеток, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски го истакна значењето…

Активности во пресрет на одбележување на Денот на Бригадата за логистичка поддршка

По повод одбележување на 20 Мај, Денот на бригадата за Логистичка Поддршка (брЛП) се одржаа повеќе активности меѓу кои крводарителна акција, натпревари за најдобар готвач, најдобар механичар и најдобар возач и спортски натпревари во дисциплините: фудбал, кошарка, пинг-понг и шах. На ден 15.05.2019 година се одржаа натпревари за најдобар готвач, најдобар механичар и најдобар возач…

Грижа за спомен обележјата и историските знаменитости во одбраната

Припадниците на третиот механизиран пешадиски баталјон од составот на прва механизирана пешадиска бригада, како дел од своите активности ја имаат и грижата за спомен обележјата и историските знаменитости и настани во својата зона на одговорност. Во текот на денешниот ден кај месноста Карпалак на автопатот Тетово – Скопје на местото каде секоја година се оддава…

Присуство на заменик на началникот на генералштабот на Денот за високи гости на првиот дел од меѓународната вежба „Брз одговор 19“

Делегација на Армијата предводена од заменик на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во текот на вчерашниот ден во Церкље, Република Словенија, присуствуваше на Денот за високи гости на првиот дел од меѓународната вежба „Брз одговор 19“, кој воедно беше и одбележување на денот на словенската војска. На денот на високи гости на кој покрај…