Началникот на Генералштабот во официјална посета на Вооружените сили на Кралството Норвешка

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, се наоѓа во официјална посета на Вооружените сили на Кралството Норвешка, каде денеска во Генералштабот оствари средба со неговиот домаќин, Началникот на Генералштабот, адмирал Хакун Брун Хансен. На средбата на генералот Ѓурчиновски со својот домаќин Адмирал Хенсен, се разговараше за меѓусебната воена соработка и можностите за проширување на истата,…

Одбележани дванаесет години од трагичното загинување на припадници на Армијата, во хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

На спомен обележјето кај катлановско Блаце, со полагање на свежо цвеќе се оддаде почит на единаесетте припадници на Армијата, кои пред дванаесет години трагично загинаа во хеликоптерската несреќа. Со едноминутно молчење и венци со свежо цвеќе, почит на загинатите покрај членовите семејствата оддадоа делегации од Генералштабот, предводена од Заменик на началникот на ГШ, генерал-мајор Азим…

Воена свеченост по повод примопредавање на должност командант на инженерискиот баталјон

Денес во инженерискиот баталјон (инжб) се одржа свеченост по повод примопредавање на должноста командант на инжб. Должноста од досегашниот командант, полковник Арбен Јакупи ја прими потполковник Томе Пеев. На свеченоста се обрати командантот на Командата за операции, генерал-мајор Павле Арсоски, кој во својот говор истакна дека единицата, како и Армијата се во процес на трансформација…

Одбележување на патронатите на касарните „Страшо Пинџур“ и „Мирче Ацев“

Денес во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Мирче Ацев“ во Прилеп, со полагање на свежо цвеќе беа одбележани патронатите и 77 годишнината од погибието на народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Во касарната во Петровец свежо цвеќе положија делегации од Командата за операции предводена од генерал-мајор Павле Арсоски, командата на 1. пешадиска бригада,…

Донација од пакетчиња во пресрет на новогодишните празници

На ден 25 и 26.12.2019 година, по повод Новогодишните и Божиќните празници, воздухопловниот ВИНГ(вВИНГ) традиционално организира акција за разубавување на празниците на деца од социјално загрозени семејства и деца со пречки во развојот. Пакетчињата ги подели командантот на вВИНГ, полковник Стојко Пејовски со припадници од единицата, на деца од: Државното училиште за рехабилитација на деца…

Реферирање за состојбата на борбената готовност во Армијата зa 2019 година пред Врховниот Командант на Армијата

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на брифингот за борбената готовност го информираше Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен Командант на Армијата, Стево Пендаровски, за состојбата во Армијата на Република Северна Македонија, во текот на 2019 година. На брифингот кој се реализира во Домот на Армијата присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменикот…

Началникот на Генералштабот додели златни значки на Армијата на припадници на медицинскиот тим кој учествуваше на вежбата „Одлучен Удар 19“

Началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, додели златни значки на припадници на Армијата, доктори од воено медицинскиот центар мајор Дејана Шврака и мајор Зоран Чанаковски за покажаната стручност и особено залагање за време на вежбата „Одлучен Удар 19“. Припадниците на Армијата, мајорите Шврака и Чанаковски беа дел од медицинските тимови на Армијата кои учествуваа како…

Практична настава за студентите од Државниот Универзитет во Тетово од страна на персоналот на 3.пешадиски баталјон

На барање на Правниот факултет, при Државниот Универзитет во Тетово (ДУТ), а со цел реализација на настава од студиската програма „Криминалистика“ од Правниот факултет, во касарната „НХ Кузман Јосифоски-Питу“ во Тетово се реализираше практична настава за присутните студенти. По тој повод припадниците на 3.пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) организираа и реализираа…

Традиционална средба со поранешните началници и пензионирани генерали на Генералштабот на Армијата

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, традиционално на крајот од годината, оствари средба со поранешните началници на ГШ и пензионирани генерали, на која присуствуваа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот на началникот на ГШ на Армијата генерал-мајор Азим Нуредин. Присутните пензионирани генерали беа информирани за степенот на реформските процеси во Армијата,…