Свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок

По повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок од генерацијата „Јуни 2019 година“ во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – Велес се реализираше воена свеченост на која триесет и осмата генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок дадоа свечена заклетва. Во наредните три месеци 45 војници меѓу кои и 6 припаднички од понежниот…

Размена на искуства со вооружените сили на Босна и Херцеговина

На ден 04.07.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира активноста „Размена на искуства околу опремување, обука и оценување на баталјонската борбена група по OCC E&F програма“ со вооружените сили на Босна и Херцеговина (ВС на БиХ). Делегацијата предводена од заменикот на командантот на оперативната команда за операции од ВС на БиХ, бригаден генерал…

Пред Врховниот командант на Армијата презентирана актуелната состојба на јужната граница во реонот на Гевгелија

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, во придружба на Началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ги посети припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница, во реонот на Гевгелија. Претседателот Пендаровски на брифингот одржан  во оперативниот центар во сместувачкиот капацитет на припадниците…

Посета на генерал потполковник Кристофер Каволи

Во период од 1 до 2 јули 2019 година, командантот на силите на САД за Европа, генерал потполковник Кристофер Каволи, престојуваше во Република Северна Македонија. Во рамките на својата посета оствари средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и изврши обиколка на единиците на САД, кои учествуваат на вежбата „Одлучен удар“ на армискиот полигон Криволак.…

Посета на военото аташе на Обединето Кралство на пСО, по повод претстојната обука за меѓуармискиот натпревар „Cambrian Patrol“

На ден 02.07.2019 година, во посета на полкот за специјални операции (пСО), во касарната „Илинден“, престојуваше военото аташе на Обединетото Кралство, потполковник Анди Лејтон, по повод претстојната подготовка за меѓуармискиот натпревар „Cambrian Patrol 19“ организиран од Армијата на Обединетото Кралство. Потполковникот Анди Лејтон оствари средби со командантот на пСО, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев и…

Одбележување на патронатот на касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево

Припадниците на 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб ) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) го одбележаа денот на загинувањето на народниот херој Чеде Филиповски-Даме, чие име го носи касарната во Кичево. На свеченоста присуствуваа командантот на 1. мпбр, полковник Драган Ковачки, командантите на единиците од составот на 1. мпбр, претставници на единиците на локалната самоуправа…

Претседателот и Врховен Командант, Стево Пендаровски во Битола присуствуваше на отворениот ден за граѓаните како дел од активностите на воената вежба „Одлучен удар“

Претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски, во придружба на Началникот на ГШ, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски присуствуваа на отворениот ден за граѓаните на Битола кој е дел од планираните активности на воената вежба „Одлучен удар“. На платото пред Домот на култура во Битола од страна на учесниците на вежбата…

Одржана националната работилница за вежбата „REGEX 19“

Во период од 24 до 28.06.2019 година, во издвоениот објект „Радожда“, се реализира национална работилница за вежбата „REGEX 19“, како дел од планирачкиот процес за вежбата која ќе се реализира во време од 14 до 18.10.2019 година во касарна „Алексо Демниевски – Бауман“ Велес. Директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски го истакна значењето на вежбата…

Главна планирачка конференција за вежбата „Национален одговор 2019“

Во касарната „Јане Сандански“ во гарнизонот Штип во периодот од 25 до 27.06.2019 година се одржа Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Национален одговор 2019“. Конференцијата е со цел успешна подготовка за претстојната вежба за справување со елементарни непогоди, која ќе се реализира во наредниот период на полигонот во касарната во гарнизонот Штип. На ГПК,…