Претседавачот на Воениот Комитет на Европската Унија, во посета на Генералштабот на Армијата

Претседавачот на Воениот Комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грациано во рамки на неговата официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија, која е прва посета на претседавач на воен комитет на ЕУ на нашата држава, денес престојуваше во Министерството за одбрана и генералштабот на Армијата. По пречекот со високи воени почести генералот Грациано оствари…

Командантско извидување и месечно реферирање на командантите на потчинетите единици на ЗОК

Согласно Планот за работа на Здружената оперативна команда (ЗОК) во месец октомври 2019 година се реализира месечно реферирање на првопотчинетите едини (ППЕ) на ЗОК и командантско извидување на југоисточниот дел од просторот на Република Северна Македонија. Целта на оваа активност беше да се извиди просторот со штабот од ЗОК и командантите на потчинетите единици на…

Началникот на генералштабот на Армијата во официјална посета на Грција

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денес во седиштето на штабот на НАТО корпусот за брзо распоредување во Солун,  ја оствари својата прва официјална посета на Вооружените Сили на Грција. По пречекот со високи воени почести во НАТО корпусот, генералот Ѓурчиновски, оствари средба со началникот на генералштабот на одбраната на Грција, генерал Христос…

Oсновна стручно-специјалистичка обука oд родот ОМЕ

Во изминатиот период, согласно Планот и програмата за основна обука со професионални војници, се реализираше основно стручно-специјалистичка обука со новопримените професионални војници во Армијата, од родот Оклопно механизирани единици (ОМE), во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево. Стручно-специјалистичката обуката се реализираше во три етапи и тоа: теоретски дел, стручен – практичен дел и завршен дел. Во…

Стационарно логорување со боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм

Во период од 23.09. до 27.09.2019 година баталјонот за Противвоздушна одбрана (бПВО), од составот на воздухопловната бригада (вбр), на АП „Криволак“, со персоналот кој е во состав на деклариран вод ПВО, реализираше стационарно логорување со боеви гаѓања со противавионски топ (ПАТ) 20/3 мм. За време на логорувањето реализирани се боеви гаѓања со ПАТ 20/3 мм…

Посета на воздухопловната бригада од општинската детска градинка „Буба Мара“ од општина Аеродром

На ден 27.09.2019 година дечиња од општинската детска градинка „Буба Мара“, од општина Аеродром остварија неколку часовна посета на воздухопловната бригада (вбр) како дел од цивилно воената соработка која вбр ја одржува со цивилните структури. Дечињата за време на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работните обврски…

Посета на баталјонот за почести од страна на Асоцијацијата на одбранбени аташеи

Во посета на баталјонот за почести во касарната „Илинден“ во Скопје, денес во работна посета престојуваа резидентните и нерезидентните одбранбени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија. Посетата на баталјонот за почести претставува дел од редовните активности врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на одбранбени аташеи. Во текот на посетата…

Стационарно логорување на припадниците од артилериски баталјон

Во период од 23 до 27.09.2019 година на АП ,,Криволак“, припадниците на артилерискиот баталјон (артб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада, реализираа стационарно логорување и артилериски боеви гаѓања (АБГ). За време на логорувањето на АП ,,Криволак“ можеше да се види одлична извежбаност и подготвеност на единицата на теренот, демонстрирана со успешна реализација на АБГ…

Експертски разговори од областа на воено воздухопловство и противвоздушна одбрана

Во деновите 24 и 25.09.2019 година, во командата на воздухопловната бригада во Петровец, се реализираа експертски разговори од областа на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана помеѓу експертски тимови на Република Северна Македонија и Република Бугарија. Разговорите ги водеа командантот на воздухопловна бригада полковник Роберт Малезански и полковник Димитар Павлов, офицер за обука во авио базата…