Посета на бригаден генерал Роберт Хју Лојд-Џонс на ЗОК

На ден 10.10.2019 година, Здружената оперативна команда (ЗОК) и потчинетите единици на ЗОК ги посети бригаден генерал Роберт Хју Лојд-Џонс, новоангажираниот британски советник во Министерството за одбрана на Република Северна Македонија. Бригадниот генерал Роберт Хју Лојд-Џонс, беше пречекан од страна на Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, со кого оствари иницијална протоколарна средба. За време…

Анализа на вежбата „Одлучен удар“

Во Здружената оперативна команда (ЗОК), согласно одобрената Спецификација и Планот за вежбата „Одлучен удар“ се реализираа разговори по завршената активност „Post exercise discussion – PXD“. Разговорите се реализираа во Командата на ЗОК и на истата, покрај командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски присуствуваа и Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, началници на…

Посета на Командата за обука и доктрини од страна на тим од Обединетото Кралство

Денес во Командата за обука и доктрини (КОД), во касарната „Алексо Демниевски Бауман во Велес, се реализираше посета од страна на тим од Обединетото Кралство, со цел согледување и анализа на потребите за обука и образование. Во текот на реализација на посетата преку кратка презентација тимот се запозна со мисијата, основните задачи и структурата на…

Вежба на командно место со припадниците од баталјонот на Воена полиција

Врз основа на Годишниот План за 2019 година, припадници на командата и штабот на баталјонот на Воена полиција, во периодот од 7 до 10.10.2019 година на локации во касарната „Илинден“ и во реонот на стрелиштето „Стенковец“ реализираа вежба на командно место. Цел на оваа вежба е припадниците да се извежбаат и оспособат во примена на…

Размена на искуства со вооружените сили на Обединето Кралство

На ден 09.10.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК) се реализира посета на тим од Обединетото Кралство (ОК) поврзана со обуката, вежбите и оценувањата. Делегацијата предводена од потполковник Џил Хамлинс, беше поздравена од страна на Началникот на штаб во ЗОК, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. Во текот на посетата со делегацијата од ОК беа реализирани разговори…

Ситуационо-тактички вежби со припадниците од 3.мпб

Во период од 08-09.10.2019 година припадниците од 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада реализираа ситуационo тактички вежби. Ситуационo тактички вежби се реализираа на повеќе локации и тоа: во мирновремените локаци во касарната во Тетово, во реонот на Еребино и с. Раотинце. Истите беа реализирани согласно однапред изготвен план по различни…

Обука на клучниот персонал на вежбата „REGEX 19“

Во пресрет на вежбата „REGEX 19“, во период од 8 до 12.10.2019 година, во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес започна обука на клучниот персонал на наведената вежба. Тежиштето на оваа активност ќе биде насочено кон обука на персоналот за настани со кои ќе се сретнат во текот на изведување на вежбата, а пред се…

Посета на Претседавачот на Воениот комитет на ЕУ на полкот за специјални операции

Денес во посета на полкот за Специјални Операции беше Претседавачот на Воениот Комитет на ЕУ. Високата делегација од Воениот комитет на ЕУ предводена од генералот Клаудио Грациано беше пречекана од страна на командантот на полкот за Специјални Операции бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев. Пред гостите од Воениот комитет на ЕУ,  припадниците на ренџерскиот баталјон демонстрираа…

Посета на воздухопловната бригада од страна на претставници од SHAPE/NATO

Претставници од Врховната команда на сојузничките сили во Европа (SHAPE/NATO) остварија посета на воздухопловната бригада. Посетата имаше за цел извидување на капацитетите со кои располага Армијата, напредокот и плановите од доменот на ASDE програмата (Размена на радарска слика со Република Грција), Air Policing (воздушно патролирање), како и за NATINAMDS – NATO (Integrated Air defense and…