Новоназначеното одбранбено аташе на СР Германија на средби во Генералштабот

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија, акредитиран во Република Северна Македонија, потполковник Дирк Вебер и потполковник Ханс-Петер Вамслер кој досега ја извршуваше оваа должност со седиште во Тирана, Република Албанија. Генералот Ѓурчиновски упати честитки до потполковник Дирк Вебер,…

Свечено отворен 11 регионален футсал „Куп за мир 2019“

Екипи од армиите на Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија од денеска во следните пет дена ќе се натпреваруваат на единаесеттиот по ред футсал „Куп за мир“ кој беше официјално отворен денеска во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на отворањето пред присутните, меѓу кои и…

Прием на должност началник на штаб во ЗОК

Денес, 22.08.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира прием на должност началник на штаб во ЗОК на бригаден генерал Мирче Ѓоргоски. На постројувањето пред персоналот од ЗОК се обратија генерал-мајор Павле Арсоски и бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски. Командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски истакна дека трансформацијата на Армијата и полноправното членство во НАТО…

Крводарителна акција по повод денот на 3.механизиран пешадиски баталјон

По повод ,,27-ми Август“ денот на 3.механизиран пешадиски баталјон (3.мпб) од составот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) , денес во касарната „НХ Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово се реализираше крводарителна акција. Крводарителната акција беше во организација на Институтот за трансфузиона медицина во Скопје во соработка со Црвениот Крст. Во акцијата учество зедоа вкупно 28 припадници на…

Примопредавање на должност командант на Ренџерски баталјон

На ден 14.08.2019 година во касарната „Илинден“ се изврши примопредавање на должноста командант на Ренџерски баталјон. Должноста командант на баталјон од потполковник Блерим Исмаили ја прими потполковникот Ментор Саити. На примопредавањето бригадниот генерал Хаџи Јанев Методи во своето обраќање се наврати на досегашните активности и успеси кои ги реализираше единицата во изминатиот период и упати…

Достоинствена прослава на мировниците

Денот на Армијата – 18ти Август, свечено и достоинствено го одбележаа и нашите припадници, претставници на МАККОН-10 во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Кабул, Авганистан. На свечената вечера, што по тој повод беше организирана од страна на нашите претставници, присуствуваа командантот на Командата за обука, советување и асистенција на Главниот град, бригаден генерал Јашар Дилбер,…

Свечен собир на припадниците на генералштабот и командите и единиците на Армијата по повод 18ти август-Денот на Армијата

Во пресрет на 18 Август – Денот на Армијата, припадниците на Министерството за одбрана и Генералштабот, како и во командите и единиците во касарните низ Републиката, со свечени церемонии се одбележа празникот на Армијата. Обраќајќи се на припадниците на Армијата, Генералот Ѓурчиновски истакна: „Во изминатата година, во која ја извршувам должноста началник на генералштабот, заеднички…