Реализација на кондиционен марш на припадниците на полкот за Специјални операции

Припадниците на полкот за Специјални Операции (пСО) на ден 12.02.2019 година реализираа марш во реонот на Кокино. Маршот беше реализиран како дел од одбележувањето на јубилејот 25 годишнината од формирањето на силите за специјални операции. Маршот кој го реализираше командата на пСО покрај одржувањето и подигнувањето на психофизичката спремност имаше за цел и осознавање на…

Компјутерски симулирана вежба

Во Центарот за симулации, во Командата за обука и доктрини (КОД), во периодот од 11.02 до 13.02.2019 година реализирана е компјутерски симулирана вежба на JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) со припадниците од инженерискиот баталјон, од 1.механизирана пешадиска бригада, од Здружената оперативна команда. Согласно годишниот план на Центарот за симулации во рамките на КОД, праксата…

Реализација на работилница LOGREP

На 11 февруари, во Домот на АРМ, во Скопје, започна еднонеделна работилница LOGREP, која претставува активност за индивидуална подготовка на персоналот кој ќе учествува на логистичката вежба LOGDEV 19, која ќе се реализира во период од 06-17 мај, 2019 година, во Тбилиси, Грузија. На работилницата учествуваат претставници од: Албанија, Босна и Херцеговина, Германија, Грузија, САД,…

Обука во зимски услови на припадниците од 1.мпбр

Од почетокот на втората половина на јануари и првата половина на февруари оваа година, согласно годишните планови за обука на потчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), припадниците од оклопно извидувачките водови од пешадиските баталјони, извидувачките одделенија од инженерискиот и артилерискиот баталјон, како и извидувачкиот вод од командната чета, на терените за обука во зимски…

Регионална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје од 04. до 08.02.2019 година се реализира третата регионална работилница за мултинационалната вежба „REGEX 19“ на која учество зедоа претставници од 19 партнер земји и претставници од Здружената команда на НАТО од Неапол. При отворањето на регионалната работилница, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски им посака добредојде на учесниците…

Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти за вежбата „LOGDEV 19“

Во период од 4-ти до 8-ми февруари во рамките на циклусот активности за претстојната мултинационална логистичка штабна вежба „LOGDEV 19“ во Домот на АРМ во Скопје се одржува втора „Работилница за изработка на главна листа на настани и главна листа на инциденти“. Првата беше реализирана во последниот квартал на минатата година во Тирана, Република Албанија.…

Министерот за Одбрана на Хрватска во посета на полкот за Специјални Операции

Министерот за одбрана на Република Хрватска во рамките на својата посета во Република Македонија и на Армијата на Република Македонија, денеска оствари посета и на полкот за Специјални Операции (пСО). Министерот за Одбрана во придружба на Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал мајор Васко Ѓурчиновски и Директорите на Генералштабовите на Вооружените сили…