Реализирана финална планирачка конференција за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike)

Во период од 01.04 до 05.04.2019 година во кампот за обука „Пепелиште“ се реализираше финалната планирачка конференција за вежбата „Одлучен удар“ (Decisive Strike), на која покрај нашите армиски припадници на директоратот на вежбата од Здружената Оперативна Команда (ЗОК), учествуваа и претставници од вооружените сили на САД, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Литванија, како и претставници…

Во генералштабот одржана средба на генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски со генерал Христос Христодолу

Началникот на генералштабот на националната одбрана на Грција, генерал Христос Христодолу кој се наоѓа во кратка посета на Република Северна Македонија по повод одбележување на Денот на НАТО, денес престојуваше во Министерството за одбрана и Генералштабот, каде оствари одвоени средби со министерката за одбрана Радмила Шекеринска и со началникот на генералштабот генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На…

Средба на началникот на генералштабот со заменик на командантот на Командата на Здружени сили на НАТО во Брунсум

Заменик на командантот на Командата на Здружени сили на НАТО во Брунсум, генерал потполковник Стјуарт Скејтс денес оствари средба со началникот на генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. На средбата се разговараше за соработка со Командата на Здружени сили на НАТО во Брунсум, процесот на пристапување на нашата земја во НАТО и достигнатата интероперабилност на…

Месечно реферирање на командантите на првопотчинетите единици пред командантот на Здружена оперативна команда

Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, се реализира реферирање на командантите на првопотчинетите единици на Здружената оперативна команда(ЗОК), за статусот на борбената готовност, за месец март 2019 година. Командантите на првопотчинетите единици му реферираа на командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, за достигнувањата, реализацијата на плановите и задачите и активностите, обуката и останатите…

Одбележување на Денот на 1 механизирана пешадиска бригада

Првата механизирана пешадиска бригада која е најголемата борбена единица во армијата, во чии редови се наоѓаат припадници од повеќе родови, со воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, го одбележа денот на единицата. Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски обраќајќи се пред стројот на припадниците од бригадата честитајќи им го празникот истакна дека генералштабот…

Средба на началникот на генералштабот со Амбасадорот и одбранбено аташе на Република Полска

Во рамки на билатералните меѓуармиски активности, денес Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски оствари средба со потполковник Марек Вармински, нерезидентно одбранбено аташе на Република Полска и Н.Е Војциех  Тицињски, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Полска во Република Северна Македонија. На средбата, која доаѓа по посетата на генералот Ѓурчиновски на полските вооружени сили во февруари,…

Посета на воздухопловната бригада на ученици од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ – Битола

На ден 01.04.2019 година учениците од СОТУ „Ѓорѓи Наумов“- Битола реализираа посета на воздухопловната бригада (вбр), како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури. Цел на посетата беше запознавање на учениците со средствата кои ги поседува воздухопловната бригада и активностите кои таа ги реализира. Учениците во текот на посетата имаа можност да…

Работна посета на генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на албанските вооружени сили

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес и утре на покана од началникот на генералштабот на албанските вооружени сили , бригаден генерал Бардил Колчаку, престојува во работна посета на албанските вооружени сили. Во склоп на посетата, генералот Ѓурчиновски во текот на утрешниот ден ќе присуствува на воената свеченост во Тирана по повод прославата…