Началникот на генералштабот во посета на вооружените сили на Република Хрватска

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во рамки на официјалната посета на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, денес во Загреб оствари средби со министерот за одбрана, господин Дамир Крстичевиќ и со својот домаќин, началникот на генералштабот, генерал Мирко Шундов. По пречекот со високи воени почести, Генералот Ѓурчиновски најпрвин во министерството за одбрана…

Учество на мултинационална вежба „Lavaredo 2019“

Во текот на изминатите 10 дена, во италијанските планини Доломити, во познатото туристичко и историско место Tre Cime di Lavaredo, се реализираше меѓународната вежба „Lavaredo 2019“, на која активно учество зеде и тим од инструктори по алпинизам од полкот за Специјални Операции. По веќе разработено сценарио од земјата домаќин, беше извршено тактичко искачување и обука…

Работилница за вежбата „Национален одговор 2019“

Во периодот од 08.07. до 11.07.2019 година во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во гарнизонот Кичево се одржа работилница за подготовка на претстојната вежба „Национален одговор 2019“. Тимовите, под раководство на директорот на вежбата, полковник Жикица Јовановски, во текот на активноста извршија ревидирање на целите за обука, изработија сценарио за вежбата и динамика според која…

Реализација на основен лидерски курс од страна на инструктори од Вишков – Чешка

Во период од 24.06.2019 до 12.07.2019 година во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука и доктрини се реализираше Основен лидерски курс од страна на инструктори од Британскиот воено советодавен тим од Вишков – Чешка, потпомогнати со инструктори од Центарот за индивидуална обука. Курсот го посетуваа професионални војници, припадници од единиците на Армијата. За…

Примопредавање на должноста командант на Баталјон за воздушно набљудување и јавување

Денес, во касарната „НХ Страшо Пинџур“ – Петровец, со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на Баталјон за воздушно набљудување и јавување (бВНЈ), од составот на воздухопловната бригада (вбр). Должноста командант на бВНЈ од потполковник Александар Крстевски ја прими мајор Оливер Стојановски кој до сега ја извршуваше должноста заменик командант на бВНЈ. На…

Заврши вежбата „Одлучен Удар“

Со денешната церемонија на свечено затварање на армискиот полигон „Криволак“ официјално се означи завршетокот на досега најголемата воена вежба реализирана во Република Северна Македонија – „Одлучен Удар 19“. Пред стројот на учесниците на вежбата денес се обратија командантот на Здружената оперативна команда, која е организатор и реализатор на вежбата, генерал-мајор Павле Арсоски и директорот на…

Посета на 1.мпбр од страна на одбранбеното аташе на Република Хрватска

Денес во посета на Првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), беше одбранбеното аташе на Република Хрватска во Република Северна Македонија полковник Маријана Плеша Чадониќ и истата беше пречекана од страна на командантот на 1.мпбр полковник Драган Ковачки со дел од старешините на командата и штабот на 1.мпбр. Во рамки на посетата во командата на 1.мпбр, беше…

Јубилеј 25 години оперативност на Сквадрон за транспортни хеликоптери

Денес во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец се одбележа јубилеј 25 години оперативност на Сквадрон за транспортни хеликоптери (стх). На свеченоста присуствуваа командантот на воздухопловната бригада (вбр), полковник Роберт Малезански, заменик командантот потполковник, Стојко Пејоски, началниците на секциите, команданти и командири на потчинетите единици на вбр. Свеченоста ја отвори командантот на стх, потполковник Игорчо…

Свеченост по повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок

По повод давање заклетва на војниците на доброволно служење воен рок од генерацијата „Јуни 2019 година“ во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ – Велес се реализираше воена свеченост на која триесет и осмата генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок дадоа свечена заклетва. Во наредните три месеци 45 војници меѓу кои и 6 припаднички од понежниот…