Протоколарна средба во ЗОК, со новоназначеното одбранбено аташе на СР Германија

Заменикот на командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Орце Јордев оствари средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на СР Германија, потполковник Дирк Вебер и досегашното аташе, потполковник Ханс-Петер Вамслер. Генералот Јордев му ја честиташе новата должност на потполковник Дирк Вебер, посакувајќи му успех во извршувањето на истата, продолжување и продлабочување на одличната соработка…

Началникот на генералштабот на ВС на Република Хрватска во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија

Висока воена делегација на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, предводена од Началникот на генералштабот на ВС на Република Хрватска, генерал Мирко Шундов која е во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија денес престојуваше во Генералштабот и Министерството за одбрана. По приемот со високи воени почести генералот Шундов, оствари средба со неговиот домаќин,…