Началникот на генералштабот во посета на вооружените сили на Република Хрватска

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, во рамки на официјалната посета на Вооружените сили (ВС) на Република Хрватска, денес во Загреб оствари средби со министерот за одбрана, господин Дамир Крстичевиќ и со својот домаќин, началникот на генералштабот, генерал Мирко Шундов. По пречекот со високи воени почести, Генералот Ѓурчиновски најпрвин во министерството за одбрана…