Одбележување на Денот на тенковски баталјон

Денес во касарната „Чојлија“ во гарнизон Петровец со воена свеченост беше одбележан „2.Јуни-Денот на тенковскиот баталјон“. На свеченоста, покрај командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Драган Ковачки, присуствуваа претставници од Здружената оперативна команда (ЗОК), поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр и команданти на единиците во гарнизон Петровец. Во обраќањата…

Врховниот командант на вооружените сили во посета на Генералштабот и МО

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили Н.Е. Стево Пендаровски, денес ја оствари својата прва работна посета на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата. По пречекот со воени почести, Претседателот Пендаровски оствари работна средба со Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и Началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, каде со највисоките…

Одбележување на помен во баталјон за врски

Во касарната „Илинден“, денес се одбележаа 18 години од трагичното загинување на капетанот Зоран Бубевски. Положувањето на свежо цвеќе, како и секоја година, се реализира пред спомен собата посветена на трагично загинатиот капетан Зоран Бубевски. Во говорот пред присутните заменик командантот на баталјонот за врски го истакна неговото животно дело, посветеност, својата храброст и несебичноста…