Посета на акредитираните воени аташеа на баталјонот на Воена Полиција

На ден 30.05.2019 година во посета на баталјонот на Воена Полиција беа акредитираните воени аташеа во Република Северна Македонија. Обиколката од воените аташеа е редовна активност која се реализира на годишно ниво врз основа на Програмата за соработка на Министерството за одбрана со Асоцијацијата на воени аташеа акредитирани во земјава. Активностите од програмата за посета…

Вежбата „Одлучен удар“ на Криволак – најголема вежба досега организирана кај нас, вклучува над 2.700 припадници од шест земји

Од петти јуни до деветти јули, Северна Македонија ќе биде домаќин на досега најголемата вежба која се организира во нашата држава, „Одлучен удар“. На вежбата ќе учествуваат над 2.700 припадници од Армијата на Република Северна Македонија и од вооружените сили на САД, Црна Гора, Албанија, Бугарија и Литванија. Армијата на Република Северна Македонија учествува со…

Меѓународна вежба „Immediate Response 19“ во Република Словенија

Во период од 06 до 24.05.2019 година, вод од составот на баталјонот за Противвоздушна одбрана учествуваше на меѓународната воена вежба „Immediate Response 19“ (Брз одговор 19) која се реализираше на територијата во Р.Словенија во касарна „Јернеја Молана“ во Церкје об Крки. „Брз одговор 19“ е вежба која е организирана од страна на командата на Армијата…

Трилатерална вежба „Joni 19“

Дел од припадниците на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции со своите колеги од специјалните сили на Р. Албанија и Р. Бугарија учествуваа на трилатералната вежба „Joni 19“. Во изминатите десетина дена во морнаричката база „Пашалиман“ во Валона, Р. Албанија нуркачки тимови од трите земји заедно вежбаа и реализираа поставени…