Посета на Командата за обука и доктрини од страна на акредитираните воените аташеи

Делегација од воени аташеи акредитирани во Република Северна Македонија, денес на ден 29.05.2019 година ја посетија Командата за обука и доктрини (КОД) во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес. Истите беа срдечно пречекани и им беше укажано пријатно гостопримство од страна на командантот на КОД, полковник Љубенчо Петровски. За време на посетата воените аташеи имаа можност…

Делегација на Армијата во обиколка на припадниците на ренџерскиот баталјон на денот на високи гости на меѓународната воена вежба „Брз Одговор 19“

Делегација на Армијата предводена од заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин, присуствуваше на денот на високи гости на меѓународната воена вежба „Брз Одговор 19“, кој се реализира на воениот полигон „Еугениј Кватерник“ во Слуњ, Република Хрватска. На денот за високи гости на вториот дел на меѓународната вежба „Immediate Response 19“ делегацијата оствари средба…

Кондиционен марш на Бригадата за логистичка поддршка

Бригадата за логистичка поддршка (брЛП), на ден 28 мај 2019 година, врз основа на календарот за обука 2019 година и месечниот план за обука на старешините од командата на брЛП и командата на Воено медицинскиот центар реализираше кондиционен марш во зоната на одговорност на брЛП на правецот Скопје – Пункт на „Македонија пат – Кула“…