Стручно специјалистичка обука на командната чета од 1.мпбр

Согласно годишниот календар за обука персоналот од командната чета (кч) од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), реализираше стручно специјалистичка обука на АП ,,Криволак“. Во текот на обуката, согласно мисијата и суштинските задачи, беа реализирани теми од посебните специјалности на водот воена полиција и извидувачкиот вод на единицата. Персоналот ги повтори и надгради стекнатите…

Помен на загинатите припадници на баталјонот за Специјални Намени во Вејце

Пред споменикот на загинатите припадници на баталјонот за Специјални Намени „ВОЛЦИ“ кои го изгубија животот на 28 април 2001 година во Вејце, во касарната „Илинден“ на 25.04.2019 година беше одржан помен во нивна чест. Пред споменикот на загинатите: постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костевски букет со свежо…

Реализација на методско показна вежба на персоналот од 1.мпб и пСО

Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, на полигонот за обука, во присуство на командантот на Здружена оперативна команда (ЗОК), генерал- мајор Павле Арсоски со дел од персоналот во командата и штабот на ЗОК, командантот на пСО бригаден генерал Методи Хаџи-Јанев со клучниот персонал и командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), полковник Драган Ковачки со…

Заедничка обука за справување со пожари

Денес и утре во касарната „Илинден“ дел од припадниците на полкот за Специјални Операции и противпожарните екипи од единиците кои се сместени во касарната заедно со припадниците од Противпожарната Бригада на град Скопје реализираат заедничка обука во справување со пожари. Обуката има за цел унапредување на обученоста на персоналот од армијата и размена на искуства…

Одбележување на патрониот на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Денес во касарната во Штип, со полагање на свежо цвеќе пред бистата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, од страна на делегации на 1.механизирана пешадиска бригада,2.механизиран пешадиски баталјон, градоначалници од зоната на одговорност на 2.мпб, како и од претставници на здруженија и верските заедници од градот Штип, беше одбележан патрониот празник на касарната „Јане Сандански“.…

Командантско извидување на клучниот персонал од Генералштабот

Како дел од планираните активности на генералштабот, во текот на изминатите два дена, дел од клучниот персонал со началникот на генералштабот, реализираше командантско извидување во зоната на одговорност на просторот од западниот дел на Републиката.   Целта на оваа активност е извидување на просторот и е дел од обуката за оперативно планирање и согледување на…

Посета на ученици од ОУ „Коле Неделковски“ на воздухопловната бригада

Ученици од основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје остварија посета на воздухопловната бригада (вбр), како дел од соработката која ја има со цивилните структури. Учениците во текот на посетата имаа можност да се запознаат со дел од персоналот од воздухопловната бригада и работата која ја вршат истите. На задоволство на посетителите, беа изложени неколку воздухоплови…

Усовршување на алпинистичките вештини

Во периодот од 9 до 16.04.2019 година четириесетина припадници на Ренџерскиот баталјон од составот на Полкот за специјални операции реализираа обука во летна алпинистика и јазење. Обуката се реализираше на терените и алпинистичките патеки во поширокиот реон на Демир Капија со цел припадниците на единицата да ја одржат и надградат својата висока обученост во алпинистика…

Началникот на Генералштабот на Војската на Република Словенија во посета на Армијата

Висока воена делегација на Војската на Република Словенија, предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Аленка Ерменц, која се наоѓа во официјална посета на Армијата денес престојуваше во Генералштабот (ГШ). По пречекот на делегацијата на Војската на Република Словенија, со високи воени почести, генерал-мајор Аленка Ерменц оствари средба со својот домаќин началникот на ГШ на Армијата,…