Воена свеченост по повод давање заклетва на триесет и седмата генерација војници кои доброволно го отслужуваат воениот рок

Триесет и седмата генерација војници кои доброволно се пријавија да го отслужуваат воениот рок , денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман” во Велес дадоа свечена заклетва. Во наредните три месеци 86 војници меѓу кои и 6 припаднички од понежниот пол, ќе се стекнуваат со знаење и вештини од основната воена обука во Центарот за…

Посета на воздухопловната бригада од Државниот училиштен центар „Партенија Зографски“ Скопје

Денес 08.03.2019 година во посета на воздухопловната бригада (вбр), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беа децата од Државниот училиштен центар „Партенија Зографски“ од Скопје. На младите посетители и нивните учителки, најнапред топло добредојде им посака заменикот на командантот на вбр, потполковник Стојко Пејовски и потоа преку брифинг и непосреден дијалог, имаа можност да се…

Обука за предни набљудувачи во артилериски баталјон

Во деновите од 4 до 08.03.2019 година, во просториите на артилерискиот баталјон во касарната „Мирче Ацев“ и стрелиштето ,,Леково“ во Прилеп, согласно Годишниот план за работа на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), се реализира четиридневна обука и размена на искуства од областа на артилеријата. На обуката учествуваа офицери, подофицери и војници од артилерискиот баталјон, предните набљудувачи…

Реализирана 3-та национална работилница за вежбата „REGEX 19“

Во ЦО „Пепелиште“ во период од 04.03 до 07.03.2019 година се реализира третата националната работилница за вежбата „REGEX 19“ на која учествуваа припадници од Здружена оперативна Команда, 1. механизирана пешадиска бригада, бригадата за логистичка поддршка, Команда за обука и доктрини и полкот за специјални операции. На отворањето од националната работилница директорот на вежбата, полковник Звонко…

Примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада

Денес во касарната ,,НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, со воена свеченост беше извршено примопредавање на должноста командант на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста од досегашниот командант на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски ја прими полковникот Драган Ковачки кој до сега беше дел од штабот на бригадата. На свеченоста присуствуваа заменикот на началникот на ГШ на…

Свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Технички Ремонтен Центар

Денес во кругот на Техничкиот Ремонтен Центар (ТРЦ) – Скопје со воена свеченост во присуство на командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми се изврши примопредавање на должноста командант на ТРЦ помеѓу потполковник Саше Јакимовски и потполковник Чедомир Јовевски. Во говорот, пред присутните гости командантот на брЛП, полковник Мухарем Мухареми изрази благодарност на потполковник Саше Јакимовски…

ЗОК активно учествуваше во акцијата за пошумување

Припадниците на Здружената оперативна команда (ЗОК), предводени од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, денеска активно се вклучија во акцијата за пошумување во организација на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово. Во координација со претставниците од Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ – Куманово, персоналот од ЗОК беше ангажиран на локацијата „Даштев Рид“ во Куманово…

Прием на должност заменик на командант и примопредавање на должност началник на штаб во ЗОК

Денес, 05.03.2019 година во Здружената оперативна команда (ЗОК), се реализира прием на должност Заменик на командантот во ЗОК на бригаден генерал Орце Јордев и примопредавање на должноста началник на штаб во ЗОК помеѓу бригаден генерал Орце Јордев кој досега ја извршуваше должноста и новопоставениот на оваа должност полковник Бесник Емини. На свеченоста пред дел од…