Работна посета на генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски на албанските вооружени сили

Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денес и утре на покана од началникот на генералштабот на албанските вооружени сили , бригаден генерал Бардил Колчаку, престојува во работна посета на албанските вооружени сили. Во склоп на посетата, генералот Ѓурчиновски во текот на утрешниот ден ќе присуствува на воената свеченост во Тирана по повод прославата…

Кондиционен марш на персоналот од ЗОК

Врз основа на календарот за обука на Здружено оперативната команда (ЗОК) за 2019 година старешините и цивилните лица од ЗОК, предводени од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, реализираа кондиционо рекреативен марш на релацијата месност Менкова Колиба – село Горно Коњаре при што беа препешачени околу 17-тина километри пат. Ваквите активности кои согласно Планот за…

Крводарителна акција во гарнизонот Петровец, по повод „2.Април – Денот на 1.мпбр“

Денес во времето од 09.00 до 13.00 часот, во рамките на одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализираше крводарителна акција. Крводарителната акција беше во организација на Институтот за трансфузиона медицина – Скопје, во соработка со Црвениот Крст. Во акцијата учество зедоа вкупно 67 припадници…

Одбележување на 18 години од трагичното загинување на Командантот на баталјонот на Воена полиција

Денес 28-ми Март, со навршување на 18 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен Командант на баталјонот на Воена полиција), во касарната „Илинден“, пред командата на баталјонот на Воена полиција (бВП) на спомен обележјето подигнато во негова чест, беше положено свежо цвеќе и изразено сочувство на семејството на загинатиот командант. Свежо…

Обука и размена на искуства од доменот на комуникациски и информациски системи со НАТО мобилен тренинг тим

Согласно планот за обука со НАТО, во периодот од 25.03 до 28.03.2019 година во Домот Армијата се  одржа обука за Комуникациски и информациски системи (КИС)  со НАТО мобилен тренинг тим (МТТ). На обуката учествуваат офицери од родот врски од командите и единиците на Армијата.   Тренинг тимот од НАТО  презентираше  способности, планирање, искуства, научени лекции…

Посета на ученици од ОУ „Коле Неделковски“ на воздухопловната бригада

На ден 22.03.2019 година учениците од основното училиште „Коле Неделковски“ – Скопје реализираа посета на воздухопловната бригада (вбр), како дел од соработката која вбр ја има со цивилните структури. Цел на посетата беше запознавање на најмладата популација во државата со средствата кои ги поседува воздухопловната бригада и активностите кои таа ги реализира. Учениците во текот…

Заедничка обука со припадниците од 40-ти бенд на Армијата на САД

Согласно планот за билатерална соработка со САД во периодот од 18 до 22.03.2019 година се реализираше заедничка обука со припадниците од  40-ти бенд на Армијата на САД, од Вермонт. Во текот на активностите и обуката се реализираа теми од  Упатството за марширање и движење со бенд, односно со состав на воен оркестар: Обука со командири…

Реализирана национална работилница за вежбата „Одлучен удар“

Во КО „Пепелиште“ од 18. до 21.03.2019 година се реализираше националната работилница за вежбата „Одлучен удар“ на која учествуваа претставници од раководството на вежбата кои го извршат планирачкиот процес. На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата потполковник Игор Манасовски, ги запозна присутните со обврските околу подготовката на документацијата за вежбата со насоки за работа…

Одбележување на 21 Март – Ден на пролетта и екологијата во пСО

Денес, 21.03.2019 година, полкот за Специјални Операции традиционално се вклучи во одбележувањето на 21-ви Март, Денот на пролетта и екологијата. Во касарната „Илинден“ во Скопје, припадници на полкот за Специјални Операции, предводени од командантот на единицата, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, засадија зимзелени дрвца во околината на Видиковецот како дел од активностите кои се преземени…