Одбележување на единаесет години од хеликоптерската несреќа кај катлановско Блаце

Во спомен на единаесетте припадници на воздухопловната бригада (вбр) на АРМ кои трагично загинаа во хеликоптерската несреќа пред единаесет години, денес со полагање на свежо цвеќе се оддаде почит на местото на несреќата кај катлановско Блаце и во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец. Почит на загинатите припадници на спомен обележјето им оддадоа делегации од…

Месечно реферирање пред Командантот на ЗОК

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец,  беше реализирано реферирање на командантите на првопотчинетите единици кон командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) генерал-мајор Павле Арсоски за реализацијата на плановите и задачите во изминатиот период, како и за тежишните задачи за периодот кој престои. На активноста, покрај командантите, земаа учество и главните подофицери од првопотчинетите единици. Во…

Посета на припадниците на АРМ ангажирани во поддршка на МВР, за справување со мигрантската криза на јужната граница

Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, заедно со Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, во текот на денешниот ден ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани во поддршка на МВР за справување со мигрантската криза на јужната граница. На караулата „Богородица“ на македонско-грчката граница, министерката за одбрана од страна…

Одбележување на патронатите на касарните во Петровец и Прилеп

Денес во касарните „Страшо Пинџур“ во Петровец и „Мирче Ацев“ во Прилеп, со полагање на свежо цвеќе беа одбележани патронатите и 76 годишнината од погибието на народните херои Страшо Пинџур и Мирче Ацев. Делегации од Здружената оперативна команда, командата на 1.механизирана пешадиска бригада, командата на воздухопловната бригада, претставници од општина Кавадарци и Музејот на Кавадарци,…

Донација од пакетчиња за најранливите категории на деца

По повод Новогодишните и божиќните празници, воздухопловната бригада традиционално организира акција за разубавување на празниците на одредена група на деца. Припадниците на воздухопловна бригада во соработка со фирмата „Брза пошта“ – Скопје, обезбедија пакетчиња кои во текот на изминатите неколку дена беа поделени на децата од Државното училиште за рехабилитација на деца и млади со…

Валоризација на исклучителни резултати од проверката на физичка подготвеност во 2018 година

Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, на најдобрите припадници од командата и потчинетите единици, со постигнати 300 поени во сите дисциплини на проверката на физичката подготвеност, им додели пофалница за остварените врвни резултати на проверката. Помеѓу пофалените припадници има офицери, меѓу другото и командант на…

Посета на Врховниот Kомандант и НГШ на АРМ на касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, првиот ден од новата 2019-та година, ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија во касарната „Чеде Филиповски-Даме“ во Кичево. При денешната традиционална новогодишна посета на единиците на АРМ, Претседателот Иванов преку…