И на жителите на Танушевци доставени неопходни средства

Пилотите и припадниците на АРМ во координација со Црвениот Крст на Република Македонија, со хеликоптер МИ-8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, доставија неопходни прехранбени и други средства на жителите на с. Танушевци. Остануваме спремни да интервенираме и помогнеме таму каде што надлежните служби ќе одлучат дека е потребно.