Биометрија и обработка на место на настан во баталјонот на Воена полиција

Во периодот 21-25.01.2019 година, припадници на баталјонот на Воена полиција во соработка со припадници од Воената полиција од САД, во касарната „Илинден“ во Скопје, реализираа обука на тема „Биометрија и обработка на место на настан“. Обуката беше реализирана од страна на припадници на Воената полиција на САД, а слушатели на истата, покрај припадниците на баталјонот…

Повторно највисоко на пиедесталот

Припадникот на баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за Специјални Операции го заврши курсот за боречки вештини како прворангиран помеѓу 22 учесници од 19 држави. Курсот за боречки вештини „Chinese Wushu“ се реализираше во Народна Република Кина во период од 18.09.2018 година до 17.01.2019 година. Курсот важи за високо професионален со оглед на…

Национална работилница за вежбата „REGEX 19“

Од 21 до 25.01.2019 година, во Кампот за обука „Пепелиште“, како дел од планирачкиот процес се реализира националната работилница за вежбата „REGEX 19“, планирана за реализација  во период од 14.10 до 18.10.2019 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес. На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата полковник  Звонко Мајсторски го истакна значењето…

Македонските специјалци одговорија на повикот за помош

Денес 21.01.2019 година, девет припадници на полкот за Специјални Операции одговорија на побарувањето за помош од страна на одделението за Трансфузиологија при Градската Општа Болница „8ми Септември“. Веднаш и без одлагање припадниците на единицата доброволно даруваа крв се со една цел – да се спасат човечки животи. Хуманоста на македонските специјалци честопати е докажувана за…

Делегација на Бирото на националната гарда на САД во посета на АРМ

Делегација од националната гарда на Соединетите Американски Држави предводена од шефот на Бирото на националната гарда на САД,  генерал Џозеф Ленгиел која се наоѓа во негова прва официјална посета на Република Македонија, денес престојуваше во Министерството за одбрана и генералштабот на АРМ, а обиколи и дел од единиците и капацитетите на АРМ. За време на…

Максимална подготвеност и на ниски температури

Без разлика на ниските температури и снегот припадниците на полкот за Специјални Операции продолжуваат со одржувањето на високото ниво на физичка спремност. Денес 17.01.2019 година во касарната Илинден и покрај кејот на реката Вардар припадниците на полкот под водство на командатот бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев го реализираа полковското трчање. Сплет на вежби комбинирани со…

И на жителите на Танушевци доставени неопходни средства

Пилотите и припадниците на АРМ во координација со Црвениот Крст на Република Македонија, со хеликоптер МИ-8/17 од воздухопловната бригада на АРМ, доставија неопходни прехранбени и други средства на жителите на с. Танушевци. Остануваме спремни да интервенираме и помогнеме таму каде што надлежните служби ќе одлучат дека е потребно.

Учество на НГШ на АРМ на заседание на воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, денес во седиштето на НАТО во Брисел, учествуваше на заседанието на Воениот Комитет на НАТО, на сесијата поврзана со учеството во мисијата „Одлучна поддршка“ во Авганистан, во формат на началници на генералштабови на НАТО и партнерските нации. Генералот Ѓурчиновски во своето прво обраќање на ова заседание по…

Доставени неопходни продукти во отсечените села Брест и Малино маало

Припадници на АРМ од составот на воздухопловната бригада од ЗОК, со еден хеликоптер Ми-17, во текот на вчерашниот ден, заедно со претставници од Црвениот Крст извршија достава на еден тон потребни прехранбени и материјални средства на населението во отсечените села Брест и Малино маало. Остануваме подготвени во координација со надлежните институции да ги ставиме нашите…