Испраќање на припадници на АРМ во мировни мисии „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина и „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Командантот на Здружена оперативна команда (ЗОК), бригаден генерал Павле Арсоски оствари средба со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во мировната операција „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина. За време на средбата, генералот Арсоски им порача дека од нив се очекува достојно и професионално извршување на задачите со што би го задржале и унапредиле нивото на…

Потврдена одличната соработка за време на посетата на Началникот на ГШ на АРМ на Националната Гарда на Вермонт

Делегацијата на АРМ предводена од началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски во рамки на неколкудневна посета на националната гарда (НГ) на Вермонт, покрај остварената средба со својот домаќин, командантот на НГ на Вермонт генерал-мајор Стивен Креј, реализира посети и средби со командантите на команди и единици од составот на нацоналната гарда. За време…

Летна алпинистика и јазење

Припадниците на Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции во периодот од 05.06 до 12.06.2018 година во реонот на Демир Капија реализираа обука од летна алпинистика и јазење. За време на обуката триесетте припадниците на единицата реализираа теми од основна и напредна летна алпинистика. Цел на оваа обука беше запознавање со опремата, техниките…

Завршеток на компјутерски асистирана вежба во Центарот за симулации

Во насока на достигнување на потполна оперативна готовност, во период од 11.06. до 13.06.2018 година, во Центарот за симулации (ЦС), во Командата за обука и доктрини (КОД), се реализира втората по ред оваа година, компјутерски асистирана вежба (Computer Assisted Exercise – CAX) – „Засилен механизиран пешадиски баталјон во одбрана“ со припадниците од 1.механизиран пешадиски баталјон…

ЗНГШ на АРМ на состанок на замениците на началници на Генералштабови на армиите од земјите-членки на СЕДМ процесот

Заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, учествува на годишниот состанок на замениците на началници на генералштабови, во рамките на процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) кој се одржува денес во Атина, Грција. За време на состанокот се презентирале позначајните активности на СЕДМ процесот во изминатата…

Кондиционен марш на персоналот од командата на ЗОК

На 12 јуни 2018 година врз основа на календарот за обука на Здруженaта оперативна команда (ЗОК) за 2018 година, со цел подигање на психофизичката кондиција на персоналот од командата, предводени од командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски, реализираа кондиционен марш на релација: населба Карпош преку село Младо Нагоричане до село Војник. Ваквите активности согласно…

Припадници од воздухопловната бригада го завршија учеството на вежбата „Adriatic Strike 18“

Припадници од воздухопловната бригада со еден хеликоптер Ми-17, го завршија учеството на вежбата „Adriatic Strike 18 / Јадрански удар 18, која се одржа во периодот од 31.05 до 10.06.2018 година на повеќе полигони во Република Словенија. На вежбата учествуваа 25 држави од кои 20 се НАТО членки (Албанија, Белгија, Чешка, Црна Гора, Данска, Естонија, Франција,…

Санирање на последиците од невремето во МО на РМ и ГШ на АРМ

Невремето со силен ветер и дожд, што го зафати градот Скопје во сабота 09.06.2018 година, за кратко време предизвика огромни штети во одредени делови од главниот град на Република Македонија, откорнати дрвја, разрушени кровови, оштетени автомобили од испаѓаните дрвја и поплави насекаде. И во кругот на зградата на Министерството за Одбрана и Генералштабот на Армијата…

Извршено примопредавање на должност Директор на ГШ на АРМ

Последователно на претходно извршените примопредавања на командните должности во командите на АРМ, денес во генералштабот на АРМ, генерал мајор Зоран Милески ја прими должноста „Директор на ГШ на АРМ“ од досегашниот директор, генерал мајор Димче Петровски. НГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски истакна дека е уверен во максималната професионалност на донесените одлуки и реализацијата на…