Состанок на НГШ на АРМ со одбранбено аташе на Република Грција

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, бригаден генерал Георгиос Калогианис. На денешната средба се разговараше и позитивно беше оценето достигнатото ниво на досегашната воена соработка, притоа истакнувајќи ја важноста на добрата билатерална соработка во доменот на одбраната за целиот регион.…

Акција за доброволно дарување крв во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ Велес

Во Командата за обука и доктрини во касарната во Велес се реализираше акција на доброволно дарување на крв на која покрај вработените во голем број учество земаа и војниците на доброволно служење на воен рок како и ново примените професионални војници. Крводарителите и на денешната акција на дело да ја покажата својата хуманост и човечност…

Работилница за изработка на планот за вежбата „Одлучен удар”

Од 12 до 16 ноември, на Кампот за обука (КО) „Пепелиште“ се реализираше национална работилница за изработка на планот за вежбата „Одлучен удар” која ќе се реализира во месец јуни следната година. На работилницата активно учествуваше персонал од тимот за планирање на вежбата, кој беше пополнет од командата на Здружена оперативна команда (ЗОК) и од…

Работилница за изработка на спецификација (EXSPEC) за вежбата „REGEX-19“

Во период од 12.11. до 16.11.2018 година, во кампот за обука „Пепелиште“ се реализираше национална работилница за изработка на спецификација (EXSPEC) за вежбата „REGEX-19“. Работилницата е реализирана врз основа на Директивата за планирање на вежби Bi-SCD 75-003, а со цел навремена и непречена подготовка, организација и реализација на мултинационалната вежба „REGEX-19“ која ќе се реализира…

Реализација на вежби и гаѓања со припадниците од 4.мпб/1.мпбр

Според годишниот план за обука за 2018 година на 4.механизиран пешадиски баталјон (4.мпб), во период од 12.11. до 16.11.2018 година, припадниците од 2. механизирана пешадиска чета (2.мпч), на Армискиот полигон Криволак, реализираа планирани активности и гаѓања со оружјето на оклопниот транспортер „Хермелин“ (ОТ Хермелин), а персоналот од минофрлачката батерија 120мм (мфб 120 мм), реализираше боево…

Заедничка активност на четата за АБХО со инструктори од армијата на Р. Италија

Од 13.11 – 15.11.2018 година, според планот за билатерална соработка од областа на одбраната со Република Италија за 2018 година, во просториите на четата за АБХО/1.мпбр и терените за обука во касарната Чојлија, се реализираше специјалистичка обука од доменот на АБХО („МК-5 CBRNобука“). Во обуката беа вклучени персоналот од чАБХО, претставник од ГШ на АРМ…

Состанок на земјите корисници на IMIHO (interconnection of Military Hospitals)

Во период од 13.11 до 15.11.2018 година, во Воениот медицински центар во Скопје се одржаа 10-ти состанок на земјите корисници на IMIHO (Interconnection of Military Hospital) и 28-ми состанок на Техничката работна група. Состанокот беше отворен од страна на Државниот секретар во Министерството за одбрана на Република Македонија, господин Драган Николиќ, кој истакна дека ваквите…

Примопредавање на должност командант на 1.мпб и касарна „Боро Менков“

Денес во касарната „Боро Менков“ во Куманово, со церемонијално примопредавање на военото знаме на баталјонот се изврши примопредавање на должноста Kомандант на Прв механизиран пешадиски баталјон (1.мпб) од составот на Прва механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) воедно командант на касарна. Должноста командант на 1.мпб од потполковник Ердоан Хасан ја прими потполковник Стојанче Костов, кој досега извршуваше…

Одбележување на Денот на инженерискиот баталјон

Во касарната „Илинден“ во Скопје, со воена свеченост се одбележа „13-ти Ноември – Денот на инженерискиот баталјон“, денот кога пред 74 години беше формирана инженериската бригада на Генералштабот на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Македонија, чии традиции денес со гордост ги продолжуваат припадниците на инженерискиот баталјон (инжб), на АРМ. На свеченоста присуствуваа: претставници од…