Примопредавање на должност Командант на 3.мпб

Денес, во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, се одржа воена свеченост по повод примопредавањето на должноста Командант на трет механизиран пешадиски баталјон (3.мпб)“ од составот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Должноста од досегашниот командант на 3.мпб, потполковник Гоце Филипоски ја прими потполковник Изеир Ејупи, кој досега ја извршуваше должноста Заменик на командантот…

Примопредавање на должноста Командант нa 1.логистички баталјон

Во касарна „Јане Сандански” – Штип денес со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на 1.логистички баталјон, помеѓу потполковник Лазар Ѓуров како предавач и потполковник Игор Иванов како примател на должноста. На свеченоста покрај командантот на бригадата за логистичка поддршка (брЛП), полковник Цветко Јаневски присуствуваа и командантите на баталјони од составот на брЛП…

Новопримени офицери во составот на 1.мпбр

Денес во просториите на командата на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), командантот на бригадата, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, заедно со неговиот заменик, главниот наредник и началниците на секциите од штабот, ги прими новопоставените потпоручници во единиците на 1.мпбр. На почетокот, генералот Ѓоргоски на новопримените офицери им посака добредојде во бригадата, добро здравје, успешна работа и…

Кондиционен марш на припадниците на Здружена оперативна команда

На ден 25.10.2018 година, со припадниците на Здруженaта оперативната команда (ЗОК) беше реализиран кондиционен марш, на релација сепарација Красте – с.Пчиња–с.Студена бара–с.Горно Коњари. Кондициониот марш е планска активност на командата, во согласност со годишниот календар за обука и служи за проверка и подобрување на физичката состојба на припадниците на ЗОК. Маршот започна со превезување на…

Учество на Командантот на ЗОК на конференција во Потсдам

Командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК), генерал-мајор Павле Арсоски, во период од 22 до 24 октомври 2018 година, на покана на Командантот на командата на здружени оперативни сили на Бундесверг на Сојузна Република Германија, учествуваше на конференција на команданти и директори на здружени операции во Потсдам, Сојузна Република Германија. За време на конференцијата беа разгледани…