Делегација од бугарската армија во посета на Армијата на Република Македонија

Воена делегација од Република Бугарија, предводена од командантот на 68. бригада за Специјални Операции (брСО), бригаден генерал Јавор Матеев престојува во возвратна работна посета на полкот за Специјални Операции (пСО) на Армијата на Република Македонија. Во рамки на посетата, денес во ГШ на АРМ, началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски го прими командантот…

Началникот на ГШ на АРМ оствари средба со Заменик командантот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Европа

Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес во ГШ на АРМ се сретна со заменик командантот на Врховната команда на сојузничките сили на НАТО во Европа, генерал Џејмс Еверард. Во рамки на средбата, генералот Величковски искажа благодарност за поддршката која АРМ ја добива од Врховната команда на сојузничките сили во Европа, потенцирајќи дека…

Реализиран напреден курс за подофицери

Во центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД) се реализираше свеченост по повод завршувањето на Напредниот курс за подофицери (НКПОФ). За време на свеченоста, во своето обраќање, Командантот на ЦИО на подофицерите им го честита успешно завршениот курс и ја истакна нивната посветеност за време на наставата и им напомена,…

Одбележување на патрониот празник на касарната „Јане Сандански“ во Штип

Денес во касарната во Штип, со полагање на свeжо цвеќе пред бистата на големиот македонски револуционер Јане Сандански, од страна на делегации на Здружената оперативна команда (ЗОК), 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), 2. механизиран пешадиски баталјон (2.мпб), градоначалници од зоната на одговорност на 2.мпб, како и од претставници на здруженија од градот Штип, беше одбележан патрониот…

Обука во јазење на припадниците од водот за специјални намени од воздухопловната бригада

Припадниците од водот за специјални намени (всн) од составот на воздухопловната бригада (вбр) во период од 17 – 23.04.2018 година реализираат обука во јазење во реонот на Демир Капија. Обуката се реализира согласно годишниот план за обука на единицата. Основната цел на истата е оспособување на припадниците од составот на всн за извршување на мисии…

Реализација на семинар „Контрола на стабилност на барут и муниција“

Во период од 16 до 19.04.2018 година, во Домот на АРМ во Скопје, во организација на Ј-4/ГШ на АРМ, во соработка со Министерството за одбрана на Република Словенија и невладината организација „International trust for demining and mine victims assistance“ , се реализираше семинар на тема „Контрола на стабилноста на барутот и муницијата“. Во рамките на…

Посета на воздухопловната бригада од асоцијацијата на воени аташеи акредитирани во Република Македонија

Денес, во работна посета на воздухопловната бригада (вбр) и сквадронот за транспортни хеликоптери (стх) во касарната во Петровец беше делегација од воени аташеи акредитирани во Република Македонија (резидентни и нерезидентни) од повеќе земји. Воените аташеи имаа можност преку презентација да се запознаат со структурата, мисијата и задачите, идните предизвици во вбр како и стх но…

Началникот на ГШ на АРМ во официјална посета на вооружените сили на Република Албанија

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал потполковник Методија Величковски во рамки на официјалната посета на Република Албанија, во текот на денешниот ден оствари средби на највисоко воено ниво во Генералштабот на вооружените сили и Министерството за одбрана на Република Албанија. По приемот со високи воени почести, генералот Величковски имаше средба со Началникот…