Одбележување на „18 февруари – Денот на Меѓународнитe Воени спортови“

Припадниците на АРМ традиционално по дванаесетти пат го одбележаа „18 февруари – Денот на Меѓународните Воени спортови“. Овој спортски настан денес истовремено се одржува во сите гарнизони на АРМ, каде припадниците на АРМ под мотото „Ден на трчањето и здравје за сите“ се натпреваруваат во следните дисциплини: крос за мажи и жени, мал фудбал, кошарка,…

Питомци од Воената академија на едносеместрално школување на Норвич Универзитетот во Вермонт – САД

Согласно планот за билатерална соработка меѓу Министерствата за одбрана на Република Македонија и Соединетите Американски Држави двајца питомци- припадници на Центарот за обука на питомци при Командата за обука и доктрини и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје, започнаа едносеместрално школување на Норвич Универзитетот во Вермонт – САД. Како и изминатата така и оваа…

Практична настава: обука во зимски услови – скијање

Во период од 31.01-11.02.2017 година на скијачките терени на спортско рекреативниот центар „Колашин“ во Црна Гора, со питомците од втора година од Центарот за обука на питомци (ЦОП) се реализираше практична настава: обука во зимски услови – скијање. Оваа активност се реализираше согласно планот за билатерална соработка за 2017 година меѓу Министерствата за одбрана на…

Настап на воениот оркестар во Кавадарци

Како најава за отпочнување на активностите поврзани со одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, воениот оркестар на АРМ од составот на баталјонот за почести се претстави пред граѓаните на Кавадарци со вечерен музички концерт. Концертот кој се одржа во соработка со општинското основно музичко балетско училиште ООМБУ “Лазо Мицев-Рале“ се…

Обука во зимски услови (2017)

Припадниците на оклопно извидувачките водови во првопотчинетите единици на 1.механизирана пешадиска бригада, реализираа обука во зимски услови во време од 30.01. до 03.02.2017 година. Согласно годишниот план, обуката беше подготвена и реализирана од страна на командирите на одделенија во оклопно-извидувачките водови, кои во досегашната нивна кариера со учество на разни стручни курсеви и семинари, имаат…

Посета на тим од 15-тиот инженериски баталјон на Армијата на САД на инженерискиот баталјон

Во периодот од 31.01.2017 – 02.02.2017 година во посета на инженерискиот баталјон (инжб) од составот на првата механизирана пешадиска бригада при здружената оперативна команда го посети тим од 15-тиот инженериски баталјон на Армијата на Соединетите Американски Држави (САД) во Европа (15.eng bn/US force-Europe) предводен од нејзиниот командант, потполковник Џефри Хол. Претставниците на тимот ги пречека…

Добиено признание за транспарентност и соработка на АРМ со медиумите

Армијата на Република Македонија е секогаш транспарентна кон искажаниот интерес на медиумите за активностите и состојбите во АРМ со цел точно и навремено информирање на јавноста во Република Македонија. Како резултат на досегашната соработка, националната телевизија „ТВ Нова“ на прославата од првиот роденден од своето формирање, на Армијата на Република Македонија додели благодарница за успешна…

Почеток на Курс за инструктори во Центарот за индивидуална обука

Согласно План календарот за обуки во Командата за обука и доктрини за 2017 година, на 31.01.2017 година, во Центарот за индивидуална обука започна Курсот за инструктори 1-17 (КзИ 1-17).Курсот го посетуваат подофицери, припадници од единиците на Армијата на Република Македонија. Во наредните дваесет дена слушателите на курсот преку практична работа треба да се оспособат за…