Со воена свеченост припадниците на 1 механизирана пешадиска бригада го одбележаа денот на единицата

Припадниците на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) од Армијата на Република Македонија на достоинствен начин со прикладна воена свеченост во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец го одбележаа денот на бригадата. Денот на единицата, определен со одлука на Претседателот на Република Македонија е потсетување на денот кога 1.мпбр со достигнувањето на оперативната готовност ги презеде задачите…

Одбележување на 31. Март – Ден на возачите

На ден 30.03.2017 година во времето од 10.00-12.00 часот, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец беше одбележан 31.Март – Денот на возачите. Одбележувањето го отвори командантот на бригадата, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, а за денот на возачите, ангажирањето и изминатите километри на војниците возачи припадници на 1.мпбр во 2016 година и нивниот придонес, со малиот…

Донација во основни училишта по повод одбележување на денот на 1.мпбр

Во рамки на активностите по повод одбележувањето на 2 Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, припадници од 3.пешадиски баталјон ги посетија основните училишта за деца со посебни потреби „Лирија“ во Тетово и „Симче Настевски“ во с. Вратница – Тетово, при што се донираа војнички маренди. Во годината во која Армијата на Република Македонија одбележува…

Крводарителна акција во гарнизонот Петровец по повод 2.Април – Ден на 1.мпбр

На ден 28.03.2017 година, во рамките на одбележувањето на 2. Април – Денот на 1.механизирана пешадиска бригада, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се реализираше крводарителна акција. Во крводарителната акција, во организација на Црвениот Крст на Република Македонија, учество зедоа припадници од сите единици лоцирани во гарнизонот Петровец при што беа дарувани 75 крвни единици.…

Одбележување на 16 години од трагичното загинување на Командантот на баталјонот на Воена Полиција

Денес 28-ми Март 2017 година во касарната „Илинден“ во Скопје беше одржан помен по повод навршувањето на 16 години од трагичното загинување на капетан 1 класа Љупчо Мирчовски (тогашен командантот на баталјонот на Воената Полиција). По тој повод, на спомен обележјето пред Командата на баталјонот Воена Полиција, (бВП) во касарната „Илинден“ Скопје, беше положено свежо…

Одбележување на 25 години од формирањето на ГШ на АРМ

Генералштабот на Армијата на Република Македонија, денес на симболичен начин со постројување одбележа 25 години од формирањето на ГШ и отпочнување со активностите и функцијата на раководење со армијата. Од страна на првиот началник на ГШ на АРМ генералот во пензија Митре Арсоски, пред раководните старешини се даде краток историски осврт за тогашниот период, кога…

Успешно завршено учеството на припадници на полкот за специјални операции на Вежбата „Allied Spirit VI“

Припадници на Армијата на Република Македонија од составот на полкот за специјални операции во период од 15 до 27 март во Хохенфелс, Германија, на меѓународната вежба „Allied Spirit VI“, уште еднаш во најдобро светло ја презентираа својата обученост и интеробилноста со стандардите на НАТО партнерските армии. Македонските „волци“ во извонредно реални вежбовни услови на полигон…

Посета на Командантот на SEEBRIG на декларираните единици во Република Македонија

На ден 24.03.2017 година (петок), во посета касарната „Јане Сандански“ во Штип, во период од 10.30 часот до 13.00 часот беше Командантот на Бригадата на Југоисточна Европа (SEEBRIG) бригадниот генерал Фарук Метин. Бригадниот генерал Метин во придружба на двајца старешини од штабот на бригадата SEEBRIG ги посети декларираните единици во Република Македонија, механизираната пешадиска чета…

Акција за доброволно дарување крв во пресрет на одбележување на 15-ти Април, Денот на Командата за обука и доктрини

Согласно планот и програмата за одбележување на 15-ти Април, денот на Командата за обука и доктрини, денес во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше акција за доброволно дарување на крв. Во оваа прилика, припадниците на КОД од касарната во Велес уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и човечност со масовно…