Промовирани новите припадници на баталјонот за Специјални намени

Во касарната „Илинден“ пред камен обележјето „Македонски волк“ со свечено доделување на црвената беретка – знакот за припадност во единицата, официјално заврши шестмесечниот квалификациски курс. Цел на курсот беше новите припадници да се квалификуваат за извршување на задачите од доменот на специјалните операции што претставува предуслов за нивен влез во баталјонот. За време на квалификацискиот…

Реализација на артилериско боево гаѓање

Во период од 8 до 11 мај 2017 година на Армискиот полигон „Криволак“ декларираната хаубичка батерија 105 мм, од артилерискиот баталјон реализира стационарно логорување со артилериско боево гаѓање (АБГ) и тактичка вежба (ТВ) со АБГ. Декларираната Хаубичка батерија 105 мм е дел составот на средната пешадиска баталјонска група (СПБГ). Гаѓањата се изведуваа во рамките на…

Обука „Увид на место на настанот“ (Crime Scene Investigation), со припадници на баталјонот на Воена Полиција

Во периодот од 8 до 12.05.2017 година, во касарната „Илинден“, припадници од составот на баталјонот на воена полиција (бВП), реализираа обука „Увид на место на настанот“. Оваа обука е дел од билатералната соработка помеѓу вооружените сили на САД и Армијата на Република Македонија. Обуката беше реализирана од страна на инструкторски тим, раководен од мајор Џек…

Земска обука со падобранци

Во периодот од 2 до 12.05.2017 година во касарната „Илинден“ се реализираше земска обука со падобранците од составот на полкот за специјални операции. Кондицирањето и извежбувањето на веќе добро познатите постапки при скок со падобран се основа за високото ниво на подготвеност, а воедно со тоа не се остава место за никакви грешки кога ќе…

Kрводарителна акција по повод одбележување на ден на единицата на Бригадата за логистичка поддршка

По повод одбележување на 20 Мај – ден на брЛП, на ден 12.05.2017 година во ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, припадниците на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП) реализираа крводарителна акција, во која учествуваа 35 припадници на единицата. Крводарителната акција прерасна во традиционално дарување на крвни единици од страна на припадниците на брЛП, кој покрај реализираната…

Реализирање на спортски натпревари по повод одбележување на ден на единица на Бригадата за логистичка поддршка

По повод одбележување на 20 мај – денот на Бригадата за логистичка поддршка (брЛП), на воениот стадион на АРМ во Скопје  се одржаа спортски натпревари во повеќе дисциплини. Командантот на брЛП им порача на учесниците кои земаа учество на спортските натпревари, да се натпреваруваат во спортски дух и им укажа дека со масовното учество во…

Одржување на подготвеноста за подводни операции

Во периодот од 2 до 11.05.2017 година во водите на Охридското езеро со дел од припадниците на баталјонот за специјални намени (бСН) од составот на полкот за специјални операции се реализираше кондицирање во нуркање. Одржувањето на спремноста за реализација на подводни операции е од суштинско значење за ваков вид на единица. Познавањето на опремата со…

Учество на Началникот на Генералштабот на АРМ на конференцијата на Началниците на ГШ на балканските земји

Началникот на Генералштабот генерал потполковник Методија Величковски учествуваше на единаесетта по ред конференција на Началниците на ГШ на балканските земји, која се одржа денес (10.05.2017 година) во Атина, Република Грција. Темите на дискусија на конференцијата беа пред се поврзани со севкупната геополитичка стабилност во југоисточна Европа и облиците на меѓусебната воена соработка во справување со…