Инспекциски тим на специфицирана област согласно „Виенски документ 2011“ во Команда за обука и доктрини

Денес во Командата за обука и доктрини (КОД) реализирана е инспекција на специфицирана област согласно одредбите на „Виенски документ 2011“ од страна на инспекторски тим на ВС на Р. Чешка и еден инспектор од ВС на Унгарија и Словачка. За време на престојот во КОД, инспекцискиот тим беше придружуван од страна на ескорт тимот составен…

Реализирана обука „Исхрана во природа“

Во период од 05.06.2017 година до 09.06.2017 согласно годишниот план за обука за 2017 година припадниците на оклопно-извидувачките единици од 1.механизиран пешадиски баталјон (1.мпбр), извидувачкото одделение од инженериски баталјон во реонот на „Калин Камен“ во општина Крива Паланка, а припадниците на извидувачките водови од 2.механизиран пешадиски баталјон и командна чета на 1.мпбр во околината на…

Одбележана шеснаесет годишнината од загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски

На ден 09.06.2017 година во касарна „Чојлија“, гарнизон Петровец, припадниците на тенковскиот баталјон ја одбележаа шеснаесет годишнината од загинувањето на капетанот Синиша Стоилов и војникот Фејзо Џеладиновски во конфликтот во 2001 година. Пред присутните на поменот, пригоден говор одржа командантот на тенковскиот баталјон потполковник Тони Златевски, истакнувајќи дека „Нивните положени животи ќе останат во трајно…

Со воена свеченост воздухопловната бригада го одбележа денот на единицата

Во рамки на активностите за одбележување на 25 години од формирањето на Армијата на Република Македонија, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец се одржа воена свеченост по повод денот на воздухопловната бригада (вбр). На одбележувањето на Денот на вбр присуствуваа: министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, високи претставници…

Промоција на книгата „Сага за македонските воени пилоти“

Во годината кога Армијата го слави својот 25 роденден, а по повод одбележувањето на денот на воздухопловната бригада (вбр), во просториите на Музејот на македонската борба за државност и самостојност, е промовирано новото издание од авторите Ставре Џиков и Киро Кипроски, „Сага за македонските воени пилоти“. Во книгата „Сага за македонските воени пилоти“ за прв…

ЗНГШ на АРМ на состанок на замениците на началници на Генералштабови на армиите од земјите-членки на СЕДМ процесот

Заменикот на началникот на Генералштабот (ЗНГШ) на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, денес учествуваше на годишниот состанок на замениците на началници на Генералштабови во рамките на процесот на соработка меѓу министерствата за одбрана на Југоисточна Европа (СЕДМ) кој се одржува во Подгорица, Црна Гора. За време на работната сесија на состанокот беше поздравен напредокот на СЕДМ…

Испраќање на штабните офицери и единицата за заштита на силите на главната команда кои заминуваат на мисијата „Одлучна поддршка“

Командантот на Здружено оперативната команда бригаден генерал Зоран Милески оствари средба со штабните офицери на АРМ кои заминуваат во командата за обука советување и асистенција на главниот град (КОСА ГГ) во мисијата „Одлучна поддршка“. За време на средбата, генералот Милески им порача дека од нив се очекува достојно и професионално извршување на задачите со што…

Одбележување на шеснаесет годишнината од загинувањето на припадниците на безбедносните сили од гарнизонот Тетово

По повод шеснаесет годишнината од загинувањето на припадниците на безбедносните сили од гарнизонот Тетово во конфликтот во 2001 година, во касарната „Народен Херој Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, се реализираше одбележување на помен на загинатите и полагање на свежо цвеќе. Припадниците на АРМ вработени во гарнизонот Тетово, пред спомен плочата која е поставена пред командата на…

Свечено одбележан Денот на тенковскиот баталјон

Со воена свеченост во касарната „Чојлија“, припадниците на тенковскиот баталјон го одбележаа 2 јуни, Денот на единицата. На свеченоста покрај командантот на 1.механизирана пешадиска бригада (1.мпбр) бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, присуствуваа и претставници од ГШ на АРМ, Здружената оперативна команда (ЗОК), поранешните команданти на тенковскиот баталјон, командантите на потчинетите единици на 1.мпбр, претставници од локална…